mafini_1

За 6 мафини (еден оброк), потребни ви се следниве состојки:

– 2 белки од јајца
-20 g whey protein совкус на чоколадо или ванила (во случај на ванила додадете околу 5 g какао во прав)
–  70 g јогурт со 0,5% масленост
– 10 g бадеми, ситно сецкани
– малку цимет

Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки додека не се изедначи смесата. Истурете по две големи лажици во еден калап. После тоа, наросете го со исецканите бадеми и цимет секој мафин. Печете 15 минути на 150 степени. Мафини не треба да бидат цврсти и во внатрешоста, туку меки и повеќе како пудинг. Доколку сакате можете да додадете овесни снегулки (претходно натопени во вода) и овошје (на пример по две цреши во секој калап). Но, главно овој десерт е совршен и за вечера, па подобро е во овој случај да се изостават јаглехидратите.

Нутритивни вредности :

Енергетска вредност (без овошје и овесни снегулки): 220 kcal
Протеини: 28 гр
Маст: 6 гр
Јаглехидрати: 6 гр