Седите и се возите со автомобил, автобус или некој ве вози, дрвјата ви одат во пресрет, во главата почнува да ви се врти, желудникот ви се превртува и станува се потежок и ве облива студена пот. Едно е сигурно – имате мачнина од возењето.

Која е вистинската причина за вашите мачнини?

До оваа состојба доаѓа поради тоа што нашиот мозок прима неколку контроверзни информации – телото ни е опуштено, но очите и ушите регистрираат движење. Или, кога се работи за возење со брод, телото чувствува движење, но очите не го регистрираат. Поради овие контроверзни информации, мозокот му испраќа на телото принудни сигнали – мачнина во стомакот, главоболка, студена пот и нагон за повраќање. Сакате да се ослободите од овие непријатности за време на возењето? Еве неколку добри практични совети:

  • Задолжително каснете нешто пред возењето. Трудете се тој оброк да биде лесен и не толку обилен, без разлика на тоа како и каде патувате (со автомобил, автобус, воз, брод или авион). Заблуда е дека празниот стомак ќе ја спречи мачнината, бидејќи тој е поденакво проблематичен како и преполниот.
  • Бирајте го местото каде ќе седнете. Мачнината поретко се појавува ако сами управувате со автомобил, бидејќи така сте сконцентрирани на патот и возењето. Но, ако не сте во можност сами да управувате со автомобил, тогаш бирајте да седнете на совозачкото место и трудете се со погледот да го следите патот пред себе (кривини и нерамнини, на пример). Никогаш не вртете ја главата во страна и да гледате низ прозорецот. Навалете се на седиштето за да ви биде поудобно и потпрете ја главата. Сконцентрирајте се на некој оддалечен предмет, или на хоризонтот. Опуштете се и уживајте, бидејќи тогаш и вашиот стомак ќе може да се опушти.
  • Длабокото и лесно дишење ќе придонесе телото да ви се опушти и чувството на мачнина полека ќе исчезне.
  • Свежиот воздух е задолжителен затоа во автомобилот секогаш нека ви биде малку подотворен некој прозорц за да може да влегува свеж воздух. Ако сте во авион, отворете го вентилаторот над главата.
  • Не читајте во автомобил.
  • Ако гледате во нешто коешто се движи, телото ќе го регистрира тоа движење и мачнината ќе ви биде уште поголема.
  • Не е лошо при рака да имате ментол бонбони, бидејќи тие имаат смирувачко дејство на стомакот. Можете да ги земете додека се подготвувате да тргнете на пат.

  • Ѓумбирот има пријатно дејство кога се работи за мачнината. Поради неговите антиеметички својства, тој се има покажано како добра помош во отстранување на мачнините. Едно истражување спроведено врз учениците во едно средно училиште, кои биле многу чувствителни при возење, покажало дека еден грам ѓумбир во прав е доволен за да се намалат симптомите на мачнина. Тој треба да се земе половина час пред тргнување на пат.
  • Ако имате големи мачнини за време на патувањето, купете од аптека некој лек кој ќе ви помогне и ќе ви го олесни патувањето. На крајот, секојпат може да побарате помош и од матичниот доктор. Сепак, не заборавајте дека ваквите лекови имаат успивачко дејство, а можни се и некои споредни, негативни дејства врз организмот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина