Повеќето следбеници на традиционалната медицина веќе одамна знаат за растението од Латинска Америка кое по изглед многу потсетува на мачја канџа. Мачјиот нокт или шепа како што уште го нарекуваат (лат. Uncaria tomentosa) најмногу е распространета во шумите на Перу и Парагвај. Во записите на древните индијански племиња стојат рецептури за правење мелем и тинктури со чија помош се лекувале и опстојувале во исклучително сурови услови на живот. Мачјиот нокт го користеле за чистењ ена бубрезите, инфекција на уринарниот тракт, ревматизам, артритис, па дури и за лекување карцином. Одделни племиња ова растение со векови го користеле за чистење на крвта и за јакнење на организмот. Мачјата канџа расте како лијан и достига висина до 25 метри. Вешто ползи по огромните тропски дрвја и се искачува во висина барајќи светлина. За потребите за лекување се користи кореното и кората. Во традиционалната медицина и денес најмногу се препорачува за јакнење на одбранбениот систем на организмот и за заштита од различни болести. Испитувањата покажале дека освен што го јакне имунитетот, исто така и го чисти организмот од штетните материи. Оваа нејзина ефикасност не ја оспорува ниту официјалната медицина. Ја прифаќа како додадок во лекувањето, но се уште без јасни докази за нејзината ефикасност кога станува збор за тешки заболувања. Светската здравствена организација мачјиот нокт го вбројила во редот на најлековити растенија на конгресот во Женева, Швајцарија, во 1994 година.

Следбениците на алтернативното лекување ја препорачуваат мачјата канџа за отстранување болки во коските, брзо зараснување на длабоки рани, а тврдат и дека помага при херпес и астма предизвикани од загадување на животната окоина. Ефикасна е и при општа слабост на организмот и забавен метаболизам. Мачјиот нокт се пакува во вид на капсули и се продава во аптеките како помошно лековито средство.

Сепак, треба да се биде внимателен со ова растение, бидејќи големата содржина на тании кои ги има во себе можат да доведат до тегоби во црниот дроб и во бубрезите. Препаратите и чаевите во кои има мачји нокт како главна состојка треба да се одбегнуваат од страна на бремените жени, доилките и децата. Не се препорачува ни за лекување на туберкулоза, мултиплеск склероза и ревматски артритис.

 

 

Истражувања

 

Австриските научници први почнале да ја истражуваат лековитоста на мачјиот нокт. Тие утврдиле уште во седумдесеттите години од минатиот век дека најмалку пест алкалоиди кои се содржат во неа двојно ја зголемуваат отпорноста на организмот. Освен тоа, таа успешно ги санира воспалителните процеси од какво и да било потекло, делува како природен антибиотик и воспоставува нормално функционирање на организмот по прележана болест.

Има силно влијание врз одделни видови карцином, помага кај хемотерапија, висрусни, габични и бактериски заболувања, кај болести на кардиоваскуларниот систем и дијабетес. Мачјаката канџа е посебно ефикасна во чистење на организмот и отстранување на штетните материи од тутунот кај пушачите.

 

 

Регулирање на естрогенот

 

Со земањето на 6 капсули од по 350 мг. дневно, во времераење од 3 до 6 месеци, се регулира излачувањето на естрогенот за 47% до 69%, покажуваат истражувањата. Се постигнува и двојно поголема заштита од малигнитет, во случаи каде миомите и цистите се критични.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина