Повеќе од 4000 години се користи лукот како лек. Најновите истражувања откриваат дека лукот чудесно делува врз здравјето на целото тело и дека по неколку недели секојдневно конзумирање  на лук, доаѓа до подобрување на кардиоваскуларното здравје:

-Намалување на насобирањето  на плак на ѕидовите на артериите за 34 до 58%

-Намалување на тромбоцитната агрегација на едно место за 10-25%

-Намалување на нивото на LDL-холестеролот со 5 до 12%

-Намалувањето на нивото на  вкупниот холестерол за 6-31%

-Намалување на нивото на триглицеридите за 10 до 19%

-Намалување на нивото на крвниот притисок за 6 до 8%.

 

Од 1945 година се објавени повеќе од 3.800 научни статии на оваа тема, на влијанието на лук врз здравјето. Доволно е да јадете 1-2 чешниња лук дневно за да ги почувствувате придобивките на лукот врз здравјето.

Суплементите од лук се одлична алтернатива за оние кои сакаат да го избегнат непријатниот мирис на лук. Научниците во последниве години, најмногу внимание посветуваат  кон изучување на работата на  екстрактот од лук од органско одгледување. Повеќето експерти препорачуваат да земате 1200mg  суплементи(додаток) на лук дневно, а најдобро е  да го земете во 2-3 дози со храна.

 

Други истражувања пак ги откриваат следниве предности на лук:

 

-Намалување на времетраењето на грипот и настинката – луѓето кои  земаат 2500 mg суплемент  на лук  на ден, за 90 дена  го намалуваат времетраењето на грипот и настинката и до 61%.

-Превенција од Алцхајмеровата болест – лукот ја подобрува циркулацијата, ги намалува хроничните воспаленија и помага во спречување на таложењето на плак во областа на крвните садови во мозокот.

Подобра контрола на дијабетисот –  суплементите од лук  може значително да го  забрзаат  квалитетот на животот на дијабетичарите, бидејќи  им помага во спречување на  нагли промени на нивото на шеќер во крвта.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз