sex_1

 

1.Секој ден се случуваат најмалку 100 милиони сексуални односи. Со други зборови, околу 65.000 парови водат љубов баш во овој момент!

2.Една лажичка сперма содржи околу седум калории.

3. Едно истражување спроведено на Универзитетот во Калифорнија открило дека мажите кои помагаат при домашните обврски имаат 50 отсто повеќе секс во животот, од оние кои се држат подалеку од правосмукалката.

4. Агалматофилија е сексуална привлечност кон статуетки или кукли.

5. Истражувањата тврдат дека најголемиот број на оргазми кои во текот на еден час ги доживеала жена е 134. Кај мажите е максимум 16.

6. Потполната сексуална неактивност може да доведе до намалување на големината на пенисот.

7. Русинката Татјана Козевникова е светска рекордерка во дигање тегови- со помош на своите вагинални мускули. Таа успеала да подигне цели 14 килограми.

8. Протеините од спермата (кога ќе се втријат во кожата) влијаат на намалување на брчките.

9. Од сите народи, Грците наводно имаат најчесто секс (87 проценти од нив изјавиле дека имаат секс барем еднаш неделно).

10. Во просек, една од 50 жени има една брадавица вишок, додека кај мажите тоа се случува и почесто- секој осумнаесетти има трета брадавица. Тие обично се многу мали и лесно се помешуваат со младеж, па…не би сакале да ве плашиме, но можеби и вие сте помеѓу нив.

11. Два кондома не пружаат подобра заштита од протекување на спермата. Во суштина ја зголемуваат шансата кондомот да пукне, заради поголемото триење.

12. Проституцијата е легална во многу земји, вклучувајќи го и Иран, каде “привремената жена” може да се добие на неколку часа, иако се смета за злодело договорањето на ваквите нешта, а за присилувањето на жените да се занимаваат со оваа дејност – следува смртна казна.

13. Едниот тестис е секогаш сместен малку пониско од другиот, за да не се судруваат кога мажот оди.

14. Според едно истражување од 2012 година, 60 проценти од луѓето преферираат секс со изгаснато светло.

15. “Меркин” е перика за вагина. Овој збор е прв пат употребен во 1617 година, а помеѓу првите корисници на оваа направа се проститутките од 15 век кои ги бричеле своите срамни влакненца за да се ослободат од срамните вошки или пак со периките ги прикривале знаците на полните болести.

16. Човекот кој го измислил корнфлексот бил заколнат борец против мастурбацијата и сметал дека здравата исхрана базирана на житарки ја намалува сексуалната желба.

17. Глобалната анкета која ја спровел интернет сајтот OnePoll.com открива дека жените мислат дека во Шпанија, Бразил и Италија живеат најдобрите љубовници.

18. Стриптизерките заработуваат повеќе пари за време на нивната овулација, најверојатно заради сексуално стимулирачките феромони кои се испуштаат за време на плодните денови.

19. Во стара Кина сметале дека пиењето на жива или олово после секс ја спречува бременоста. Нажалост, резултатите често биле стерилитет или смрт.

20.На биолошко ниво, мажите еволуирале на тој начин што фокусот им е на женските карактеристики кои сугерираат плодност- големи гради, тесен струк, полни колкови. Овие знаци им сигнализираат дека жената е млада, здрава и веројатно подготвена за бременост.

21. Мускулите на вагината можат да се прошират и до 200 % за време на породувањето.

Тагови: љубовсекс