Состојки:

 

  • 1/4 шолји печени семки од тиква
  • 1 лажичка екстра девствено маслиново масло
  • 2 чешниња лук (ситно сецкани)
  • 1 лажичка рендан свеж ѓумбир
  • 1 шолја сецкан кромид
  • 1 шолја сецкан морков
  • 1 лажичка сол
  • 1 голема главица карфиол
  • 1 литар вода
  • 1 шолја кокосово млеко
  • 2 лажички кари зачин
  • 1/4 шолја сецкан магдонос

 

 

Подготовка:

Во мала тава испечете ги на суво семките од тиква, додека не добијат златно-кафеава боја, околу 2 минути. Оставете ги на страна.
Во големо тенџере загрејте го маслиновото масло и додадете ги лукот, ѓумбирот, сецканиот кромид и морковот и солта. Динстајте 5 минути. Потоа додадете ги во тенџерето карфиолот, водата и кари зачинот. Измешајте се, загрејте до вриење и потоа оставете да се вари уште 20 минути. По ова време тргнете го тенџерето од оган и со рачен блендер изблендирајте ја смесата. Гарнирајте со печените семки од тиква и со магдоносот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина