Некои од навиките кои ја саботираат врската се проверка, споредување… Ако веќе долго време немате партнер, причината за тоа треба да биде вашето погрешно однесување во машко друштво. Не очајувајте, треба само да научите некои нови вештини. А, притоа мора да заборавите некои од следниве лоши навики.

Дури ни врските полни со љубов нема долго да опстојат ако постои постојано проверување, преголеми очекувања, зависност од партнерот и изнесување на ,,валканата облека,, од односите пред други луѓе.

1. Умствен став на очајник

Ако сте му премногу достапни на мажот кој ви се допаѓа, тој ќе помисли дека така сте отворени кои сите мажи, па нема да му бидете интересни. Сето тоа, како што објаснуваат стручњаците, се одвива во мозокот, кој во добар дел е под влиание на еволуцијата, но и на хормоните. Жените кои се очајни, имаат само едно решение – треба да се изградат себеси одвнатре, да ја зајакнат самодовербата и да прифатат дека самотијата не е крај на светот.

2. “Што сме ние двајца?”

Доктор Бил Гордон, терапевт кој веќе со години се занимава со проучување на човечките чувства и емоции, истакнува дека жената никогаш не би требала да бара од мажот да го дефинира нивниот однос.

Тоа е напорно, бесмислено и всушност е неонски знак за комплицирана

жена, која со себе не расчистила некои работи. Ако морате некого да прашате дали сте во врска, одговорот е јасен – не сте,, наведува доктор Гордон.

3. Преголема наметливост

Горе – долу сите луѓе се плашат од интимност. Кога ќе почувствувате дека некој претерано ви се наметнува и приближува, вашиот мозок почнува да се брани, барајќи сигурност. Наметливоста е нападна, делува заканувачки, напорна е и е екстремно непривлечна.

4. Постојано проверување

Љубопитноста, па и одредена доза на љубомора ја зачинуваат љубвната врска. Но, ако е сето тоа претерано, со контролирање на мобилниот телефон или компјутерот, проверка на џебовите, тогаш имате недоволно доверба во парнерот, страдате од преголема љубомора или недостиг на самодоверба. Многу брзо така ќе го загубите партнерот ако не престанете со тоа што го правите.

5. Не му дозволувате да биде заштитник

Колку и да е модерен, денешниот маж сака жените да го гледаат како заштитник. Ако спаѓате во групата на жени кои се претставуваат како силни и независни, ќе можете да привлечете некој маж, но ако потоа продолжите да потенцирате дека не ви треба машка заштита – ќе останете сами.

5. Премногу прегрнувања и зборување

Мажите и жените се различни. Поради окситоцинот, но и некои други хормони, жените сакаат блискост, која ја искажуваат со прегратки и маратонски разговори. Мажите функционираат поинаку. За нив прегратките и маратонските разговори од ,,утро до вечер,, се неприфатливи. Пред да ги осудите, морате да сфатите дека нивниот мозок функционира на таков начин. Тоа е само една од разликите помеѓу половите кои и мажите и жените треба да ги прифатат.

6. Преголема зависност од партнерот

Колку и да звучи совршено се да правите заедно, за еден здрав однос е потребно секој од партнерите да си има своја амбиција и интереси, но и време за себе. Не треба да имате заеднички пријатели, исто хоби или да сакате иста храна. Токму разновидноста помага да се одржи страста.

Тагови: врскиљубов
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина