Состојки:

  • главица кромид
  • 1 главица лук
  • 2 лажици масло
  • 1,3 л. зеленчукова супа
  • 350 гр. грав
  • 400 гр. тиквички
  • 1 страк праз
  • 2 моркова
  • 200 гр. целер
  • црн пипер
  • 1-2 прстофати мелено пименто
  • 200 гр. димено тофу сирење
  • сол

Подготовка:

Лукот и кромидот исчистете ги и иситнете ги ситно. Динстајте ги на тивок оган на маслиново масло додека не позлатат. Додајте ги зеленчуковата супа и гравот. Загрејте ги до вриење, а потоа варете ги околу 1 час. Во меѓувреме исчистете го останатиот зеленчук. Празот исечете го по должина и насецкајте го на тенки ленти, а морковите, целерот и тиквичките на тенки кругови со дебелина од еден сантиметар. Потоа додадете ги во гравот. Зачинете со пиментото и со црниот пипер. Варивото оставете го да се вари уште 20 минути покриено, додека не омекне гравот. Тофуто исечете го на коцкички и додадете го во варивото. Нека се вари околу 2-3 минути. На крајот зачинете го варивото со сол, а по желба и со други зачини.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина