ljubov_2

Тешко е да се има квалитетна љубовна врска, а сепак кога ќе успееме во тоа, ние се чувствуваме како да сме на седмо небо. Грешките се составен дел од процесот на учење, и затоа не очајувајте доколку сеуште не сте ги научиле овие лекции. Тие се учат секој ден.

1. Научете да и дадете слобода на саканата личност

Поради вознемиреност и страв од можноста за губење на саканата личност, често преминувате некои граници во љубовта. Доколку стравот го ставите пред љубовта и разбирањето, се губи довербата во саканата личност и врската повеќе не е здрава. И колку повеќе се држите за тој страв, толку полесно ќе го изгубите партнерот.

Важна лекција која ќе ја научите тука е дека најважниот дел од секоја врска се разбирањето и прифаќањето. Слободата е неопходна за стабилноста на врската.
2. Научете да се цените себе си

Често ви се случувало кога ќе се заљубите, да се обидувате да се подобрите себе си, за да и се допаднете на таа личност. Но. Заборавате еден важен факт, а тоа е дека таа личност сте ја привлекле, поради тоа какви сте вие самите.

Без оглед на тоа дали сте во врска или не, во вашите 20ти сте научиле да се цените себе си. Имајќи очекувања од себе е исто толку важно како што е да имте очекувања од другите.
3. Стекнете самодоверба

Во своите 20-ти прифатете дека никогаш нема да бидете совршени, но кога ќе се погледнете во огледало, се чувствувате добро. Исто така, сте правеле многу грешки, но тоа не ве сопира да продолжите да живеете со гордост.

И не грижете се ако сеуште не сте ја совладале оваа лекција! Тоа е животна лекција и се учи секој ден.
4. Научете да верувате

Оваа лекција е можеби најтешка од сите. Многу пати ви се случило да се препуштите некому а тој да ви го скрши вашето срце. Ова сепак, не значи дека треба да се претворите во непробјна школка која нема да дозволи некој да и пријде.

Важна лекција е со времето да научите дека се случуваат лоши работи, но сепак вие ќе верувате во нова вистинска љубов, и ќе и се препуштите. Ако не се препуштите нема ни да ја почувствувате најубавата љубов.
5. Научете дека е во ред да се биде ранлив

Да се преправате дека се е во ред, кога вашето срце е скршено е сосема погрешно. Во ред е да плачете, да го гледате „Notebook“ 15 пати и да јадете слатки. Во ред е да не излезете од дома една недела. Во ред е да речете дека не сте во ред.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.