lubenica_2

Оваа слатка намирница е одличен начин да се освежите, но и да ги изгубите вишокот килограми

Лубеницата може да ви помогне при слабеењето, но ако одлучите да му пружите детоксикација на вашиот организам со лубеница, најдобро е детоксикацијата да трае од 9 до 13 дена.
Овој зеленчук помага во губењето на килограмите благодарение на тоа што го надитрува гладот и поволно дејствува врз системот за варење. Освен тоа, лубеницата е природно слатка, па може да ви помогне кога ќе настапи криза за чоколадо или сладолед.

Лубеницата изобилува со влакна, кои ќе ве држат сите и ќе го спречат прејадувањето. Но, иако е богата со хранлици материи и има малку калории, лубеницата има висок гликемиски индекс.

Нутриционистите советуваат дека луѓето кои се чувствителни на покачувањето на шеќер во крвта, потребно е да бидат внимателни и лубеницата да ја комбинираат со намирници со низок гликемиски индекс, на пример јаткасти плодови, цреши, интегрален леб, јаболки…Тоа не мора да биде во ист оброк, но имајте на ум дека во следниот оброк би требало да изедете намирница со низок гликемиски индекс за да се анулира високиот индекс на лубеницата.

За да го одржите процесот на слабеење и после диетата со лубеница, заменете ги сите сокови со обична вода и лубеница: две кришки лубеница исечкајте ги на помали парчиња и замрзнете ги. Потоа, една рака од замрзнатите парчиња ставете ги во чаша и додадете вода. Ледот од лубеницата ќе ја разблажи водата и ќе и даде благ вкус. Откако ќе ја испиете водата, изедете ја лубеницата.

Со помош на лубеницата, намалете ја и големината на оброкоците. Консумирањето на помали оброци е еден од најдобрите начини за губењето на килограмите, а лубеницата може да ви помогне во задржување на чувството на ситост.

lubenica_1

Пред да се одлучите да ја држите диетата со лубеница, еве на кои се начини можете да ја консумиарате и кои се факти треба да ги знаете:

Разладување пред јадењето

Најстудената лубеница не е и најздрава. Чувајте ја на собна температура и разладете ја непосредно пред јадењето.

Салата на нов начин

Во вообичаената зеленчукова салата, додадете малку лубеница исечкана на парчиња, малку нане и моцарела исечена во ленти. Зачинете со неколку капки балсамико оцет.

Овошен десерт

Лубеницата послужете ја како десерт – изедете кришка или две наместо парче торта и научете да уживате во природно слаткиот вкус.

После вежбање

Во блендер, помешајте лубеница без семки, со чаша студена вода и две лажици сок од лимон.

Совет од нутриционистите

Нутриционистите не препорачуваат брзи диети, тие веруваат дека единствениот сигурен начин за долгорочно губење на тежината е промена на навиките во исхраната. Лубеницата е одлична намирница и треба да се консумира, но никако не смее да се претерува со исфрлање на другите намирници со цел што побрзо да се ослободиме од вишокот килограми .

Пред да започнете со било која диета, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

Мени

1 ден

Појадок: парче лубеница, шолја кафе или зелен чај

Ручек: 150 гр варено немасно говедско месо, 150 гр варен ориз, парче лубеница

Вечера: 100 гр свежо кравјо сирење, парче интегрален леб, парче лубеница

2 ден

Појадок: парче лубеница, шолја кафе или зелен чај

Ручек: 100 гр варени пилешки гради, парче леб, парче лубеница

Вечера: 100 гр риба на скара, 100 гр варен ориз, 2 парчиња лубеница
3 ден

Појадок: парче лубеница, парче тост, шолја кафе или зелен чај

Ручек: 50 гр тестенини со сос од домати, 3 парчиња лубеница

Вечера: салата од зеленчук, неограничено количество на лубеница

4 ден

Појадок: 2 парчиња лубеница

Ручек: супа од брокула, парче леб, 2 парчиња лубеница

Вечера: 3 средни компири печени во рерна, 2 парчиња лубеница

5 ден

Појадок: 3 парчиња лубеница

Ручек: 150 гр варено немасно говедско месо, неограничени количини лубеница

Вечера: парче леб, 100 гр кравјо сирење, 3 парчиња лубеница