Многу луѓе сонуваат дека постои една магична таблета која конечно ќе им помогне лесно да ослабнат, без напорни диети или исцрпувачко вежбање. Една пилула и килограмите едноставно да исчезнат. Но, како што сите чудотворни лекови имаат свои мана- така и овие- слабеењето е често само повремено, а здравјето е загрозено. Значи, дали се навистина препорачливи таблетите кои ги согоруваат мастите и килограмите?

Дебелината не се победува со лекови, барем не засега. Тие, напротив, се крајно средство по кое треба да се посегне. Еве и зошто….

Дебелината настанува кога телото преку храната прима повеќе калории отколку што троши енергија. Тој вишок на калории во организмот се складира како масти. За да се избегне тоа, треба да се промени начинот на живот, да се троши повеќе енергија (поинтензивно да се занимавате со физичка активност), а да ги намалите калотриите под вистинските потреби на телото. За да ја надомести оваа разлика, организмот ќе се послужи со резервните наслаги на масти. Со нивното намалување, ќе се намали и тежината на телото, а патот до виткоста ќе оди истовремено со трошењето на резервите. Кога тие ќе се исцрпат, повеќе нема да се вбројувате меѓу полните луѓе.

Меѓутоа, понекогаш постојат оправдани причини заради кои не се препорачливи ни диетите, ни интензивната физичка активност, па е корисна и нужна фармацевтската помош. Тоа со други зборови значи да се слабее со пилули. Но, пред да почнете во освојување на добрата линија и губењето на килограмите-одберете што подобро ви звучи-и задолжително посоветувајте се со лекар. Само тој може да одреди кој лек ви одговара и како да го користите. Многу е опасно сами себе да си одредувате терапија со лекови (па дури и оние кои можете да ги купите) само заради тоа што вашата пријателка мисли дека многу добро делуваат.

 

tableti_naslovna

 

Малку таблети за слабеење се навистина употребливи, а повеќето од нив имаат прилично сериозни нуспојави. Оние денес кои денес циркулираат на фармацевтскиот пазар (вклучувајќи ги и оние на билна база) можат да се поделат на пет категории :

1.Таблети за потиснување на апетитот – тие го намалуваат чувството на глад или пак поттикнуваат чувство на ситост, Нивното делување е дискретно и не трае долго, а негативните пропратни појави се поизразени од позитивните несоница, нервоза, лупање на срцето, треперење, подигнување на крвниот притисок, создавање зависнот од нив итн…

 

2.Термогенетски лекови– тие се наменети за поголемо трошење на енергија и ги погодуваат масните станици, со што теоретски се добри, меѓутоа нивната делотворност, генерално гледано е релативно слаба. Освен тоа, често се токсични и предизвикуваат негативни споредни појави ако што се висок притисок, дисфункција на штитната жлезда, губење на калциум, ризик од болести на срцето…

3.Таблети за системот за варење– ја менуваат желбата за храна, создаваат чувство на ситост, спречуваат апсорпиција на маст и јаглехидрати. Овие лекови за сега имаат една предност- не се многу штетни. Нивната делотворност е многу ограничена и скромна, додека нуспојавите се сведуваат на евентуални проблеми со варењето (опстипација или пролив), лесни осипи на кожата….

 

4.Базирани на останати хормони – што се темелат на термогенетско влијание (го стимулираат трошењето на енергија) немаат големо дејство, а нивното земање е сериозен ризик за организмот. Може да дојде до значајни кожни реакции, хипергликемија и хипогликемија, промени на функцијата на штитната жлезда, деформација заради премногу хормони, едеми, главоболка, депресија, раздразливост….

5.Диуретици и лаксативи – диуретиците го зголемуваат излачувањето на натриумот и водата преку бубрезите, додека лаксативите иритирачки дејствуваат на цревата, ја менуваат конзистенцијата на столицата, ја омекнуваат. И едните и другите немаат речиси никакво влијание врз вистинското намалување на тежината, односно врз масните наслаги. Но, затоа можат да се појават сериозни нуспојави- проблеми со варењето, умор, вртоглавица (диуретици), пролив, мрзливи црева, загуба на натриум и калиум (лаксативи).

Заклучок за крај

  • Употребата на лекови за слабеење е допуштена само во некои случаеви, се добиваат на лекарски рецепт и тоа ИСКЛУЧИВО во случаеви на прекумерна телесна тежина. Некои од нив се сибутрамин и орлистат. Се препорачува константен надзор од лекар за време на нивната употреба.

  • Изборот на таблети како и нивното дозирање ќе ги одреди лекарот, кој ќе го предупреди пационтот да не очекува чудотворни резултати бидејќи многу лекови за слабеење престануваат да бидат деотворни за шест до осум недели.

  • По употребата на лекови кои го намалуваат чувството на глад, и престанување на нивното дејство, тежината често нагло се зголемува.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.