Лененото масло е едно од најздравите масла, кое има различни лековити својства и кое делува различно врз здравјето. Бројни студии покажале дека лененото масло го намалува ризикот од кардиоваскуларните болести, разни облици на рак, срцев удар и дијабетес. Лененото семе содржи масла, многу корисни материи, влакна, а посебната предност на ленот е во тоа што во голем процент содржи лигнини. Лигнините во истражувањето се покажале корисни во намалувањето на ризикот од настанок на рак на дојката и на јајчниците, бидејќи ја намалува активноста на естрогенот, главниот женски полов хормон – потенцијален поттикнувач на малигниот раст.

 

Лененото семе содржи многу хранливи материи: омега-3 масни киселини, лигнани – хемиски материи кои припаѓаат во групата на фитоестрогени и кои имаат силни антиоксидативни својства, т.е. диетални влакна.

 

Освен овие хранливи материи, лененото семе содржи и витамини Б, Ц, Е, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум, натриум, селен, цинк, омега-6 масни киселини и омега-9 масни киселини. Редовното консумирање на ленот го јакне имунолошкиот систем, го намалува високиот крвен притисок и го осигурува оптималниот сразмер на ХДЛ иЛДЛ холестерол.

 

Како превентива, лененото масло се консумиа на празен стомак, односно 20-30 минути пред првиот оброк.

 

 

Помага за слабеење

 

Олеинската киселина омега-9, линолната киселина омега-6 и алфа линоленската киселина омега-3 се многу ефикасни активатори за слабеење. Затоа сите оние кои имаат проблем со вишокот килограми, треба да обратат внимание на овие производ. Може да се додава во јогурт и во салати или да се консумира како самостоен производ.

 

Освен тоа, лененото масло штити од болести на кардиоваскуларниот систем, го нормализира крвниот притисок, го намалува нивото на холестерол во квта и го подобрува здравјето и еластичноста на крвните садови.

 

Во исхраната ленот може да се користи на неколку различни начини. Најдобро е да се користат цели семки, така што ќе ги додадете во во леб или колачи. Можете да ги додадете цели или да ги смелет. Свежо смелените ленени семки можат да се додаваат во различни јадења, сосови, салати, супи од зеленчук, печења, житарки за појадок, јогурт и др.

 

Консумирањето на ленот го јакне имунитетот. Една студија покажала дека воспаленијата на системот за дишење се поретки кај оние кои земаат помалку од една лажичка ленено масло дневно.

 

Ленот содржи маснотии кои се темел за градење на мозокот. Затоа на трудниците им се препорачува за време на бременоста и доењето да земаат по една лажичка ленено масло дневно.

 

Ленот помага и за здравје на кожата. Ако имате сува кожа или егзем, задолжително вклучете го лененото масло како додаток во исхраната.

 

Со стабилиизрање на нивото на шеќер во крвта, ленот може да ги намали тегобите од дијабетес.

 

Маснотиите од ленот можат да придонесат за губење на вишокот килограми. Материите богати со есенцијални масни киселини, како што е ленот, го забрзуваат метаболизмот и го потпомагаат согорувањето на нездравите и вишок маснотии во телото.

 

Лененото масло се користи за надворешна примена во облик на облози кај егземи, псоријаза и кожни осипи. Ако имате проблем со забоболка, ставете ленено семе во памучна вреќичка и загрејте ја, а потоа нанесете ја на болното место. Истото може да се примени и кај ишијас, реума, невралгија на лицето, болки во стомакот и друго.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина