Реумата или ревматизмот е заболување на мускулниот и коскениот систем. Третина од светската популација пати од некое од овие видови заболувања.

Ревматизмот е најчеста хронична болест која воглавно ги зафаќа коските, зглобовите, тетивите, мускулите и лигаментите. Болеста воглавно ги напаѓа жените, а во поредок облик и мажите. Се јавува по триесеттата година, а понекогаш и во помлада возраст.

 

Облици на ревматизам

 

Постојат повеќе од 200 познати видови ревматски односно мускулно-коскени заболувања. Најчест облик на артритис е остеоартритисот кој ги погодува вратот, колковите, колената и долниот дел од грбот. Болните чувствуваат слабост во мускулите, болки во грбот и здрвеност на зглобовите. За време на заболувањето на ревматидниот артритис имунолошкиот систем паѓа и тие клетки го напаѓаат ткивото околу зглобовите, а пациентите тогаш чувствуваат замор, треска и израсток околу зглобовите и нивна здрвеност. Познати се уште гихтот, лупусот и псоријазичниот артритис.

 

Лекување со биолошки лекови

 

Се користи името биолошки затоа што во нивното производство се користат живи организми во целост или само некои нивни состави. Овие лекови ги припишуваат ревматолозите дури тогаш кога болеста е активна, a вообичаените лекови не се повеќе ефикасни.

Биолошките лекови се материи, по состав протеини, кои со ретки исклучоци нашиот организам веќе номално ги произведува, иако во случај на болест не во доволна количина.

Кај автоимуните болести, како што е ревматоидниот артритис или псоријатичниот артритис, непознатите надворешни причинители го активираат одговорот на имунолошкиот систем кој ги напаѓа сопствените ткива и клетки. Со оглед на тоа што причинителот кој ја активира ревматската болест не е познат, се уште не се знае како да се излекува оваа болестНо, мора во овој случај да се урамнотежи одбранбениот систем на болниот за телото да не делува на сопствена штета.

На секој пациент му се препорачува одредена концентрација и должина на земање на лековите. Поволниот ефект на биолошкиот лек зависи од времето на неговата присутност во телото, од соодветната концентрација и од начинот на неговото делување. Токму на ова се прилагодува дозирањето на лековите. Биолошките лекови се слични со протеините во човечкиот организам и тие се веќе одобрени за лекување на ревматоиден артритис, псоријатичен артритис, анкилозантен спондилитис и аксијелн спондилоартритис. Но, секој пациент пред да почне да ги зема овиелекови мора прво да направи одредени тестови и испитувања пред ревматологот да му ги препише истите. Пред нивното воведување треба се исклучи евентуалното постоење на туберкулоза или активна инфекција со вирусот на хепатитис Б и Ц. Лекувањето е забрането и доколку пациентот пати од срцеви, невролошки или други малигни болести.

 

Нус-појави од биолошките лекови

 

Како и другите лекови, така и биолошките имаат добри, но и несакани ефекти, па затоа пред се се користат кај болести кои имаат лоша долготрајна прогноза. Тие не служат за целосно излекување туку за намалување на симптомите и модифизирање на текот на болеста. Најчесто несакани ефекти од биолошките лекови има при нивно вбризгување, на самото место на убодот, додека кај оние пациенти кои ги примаат во облик на инфузии се појавуваат инфузиски реакции како што се забрзано чукање на срцето или намалување на крвниот притисок. Поради интравенозното користење можна е појава на црвенило или чувство на печење на местото на убодот.

Ако овие последици се повторуваат или траат подолго од вообичаено, би било добро да се посоветувате со доктор, а постои можност и да се прекине некое време со терапијата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина