Топлото време, потењето и затворените обувки, како што се патиките во кои мажите најчесто го минуваат летото, се погодни за развој на габи на ноктите, кои се јавуваат кај 20% од популацијата постара од 60 години. Поради анатомските карактеристики, овој проблем тешко се лекува и може да се пренесе од еден на друг нокт. Често секогаш повторно се јавува, поради нецелосната терапија, хигиенските и животните навики и здружените состојби, како што се дијабетес, послаба периферна циркулација, болести и лекови кои доведуваат до слабеење на имунолошкиот систем.

 

Места на кои најчесто се ,,закачуваат” габичните инфекции се јавните капалишта, нестерилизираните инструменти за маникир и педикир, салите за вежбање и соблекувалните. Може да се пренесе од еден на друг, додека поради лошата циркулација,бавното растење на ноктите и промената на структурата на ноктот, на овој проблем повеќе склони се постарите луѓе.

 

Оние пациенти кои користат имуносупресивни лекови, имаат ослабен имунолошки систем, повреди на ноктите и заболувања кои доведуваат до лоша циркулација, се под поголем ризик од настанок на габични инфекции.

 

Најефикасното лекување вклучува терапија со орални антимикотици кои се применуваат седум дена месечно, во текот на неколку месеци.

 

Се користат кога незначително е зафатен еден нокт, но и во понапреднати фази на габична инфекција. Најважниот предуслов за примена на системска терапија во лекувањето е адекватна функција на црниот дроб и редовна контрола на биохемиските параметри во текот на примената. Токму поради нарушување на функцијата на црниот дроб или поради зголемениот ризик се користат антимикотични креми, кои бараат секојдневна, упорна и долготрајна примена. Терапијата трае долго, но лекувањето е неопходно за да се спречи болката, дискомфорот и ширењето на габичната инфекција од ноктот на другите делови на кожата. Во одделни случаи, ако инфекцијата не се лекув може да дојде до потешки компликации, како што е губење на ноктот и настанок на бактериска инфекција, како целулитис и остеомиелитис.

 

Превентивните мерки се исто така важни и опфаќаат одбегнување на тесни обувки, задолжително носење папучи на јавни капалишта и во соблекувални, секојдневно миење на стапалата, редовно сечење на ноктите и користење антифугално спрејови за обувки. Исто така, педикит и маникир треба да се прави во козметички салони за кои сме сигурно дека инструментите се стерилизирани на соодветен начин.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина