Шафранот со векови е симбол на богатство и мудрост, а се добива од цветот на растението од семејството на ириси. Се користи само неговиот прашник, додека ливчињата понекогаш се користат во медицински цели. Многумина имаат забележано дека долготрајната употреба на шафранот го подобрува видот, но сите напори на научниците за да ја откријат активната состојка која делува на видот немаат вродено со плод.

Под шафран се подразбира и лековито растение и зачин со интензивно жолта до портокалова боја (Crocus sativus). Потеклото му се врзува со Индија, која е најголемиот произведувач на шафран, но ова растение успева и на други географски области. Иако веќе подолго време се води расправа од каде потекнува, многу нешта укажуваат дека тоа е Крит во Грција, а денес се култивира од западниот Медитеран до Индија. Периодот кога шафранот се бере рачно е многу кратко, од крајот на октомври до почеток на ноември, и тоа само во одреден дел од денот, во раните утрински часови. При берењето се бере цветот, кој има виолетова боја, од кој се вадат толчниците. Тие потоа се сушат на воздух и по ситнењето тие се претворат во жолто-портокалов прав со карактеристичен мирис и малку лутеникав вкус. Во количина од 200 мг стандардизиран шафран има 19,7 мг/г кроцин и 0,25 мг/г шафран, односно активни компоненти кои се користат во лековити цели, а пред се кај еректилна дисфункција, при пад на имунитетот по реконвалесценција и кај други болести, како на пример кај псоријазата.

Докажано е и антидепресивното, антиканцерогено и афродизијачко делување на шафранот. Во последните 15 години објавени се десеттина студии за лековитите ефекти на шафранот и сите резултати биле позитивни (меѓу кои и оние со двојна слепа проба). Во некои земји се пие чај од шафран кој освен специфичен вкус има и убава боја. Меѓу подобрите чаеви е и оној подготвен од исушени ливчиња шафран, кој се ставаат во врела вода. Таквиот чај треба да се пие неколку пати дневно за да биде ефикасен. Му се припишува антисептично и противоспалително дејство. Од ова може лесно да се заклучи дека шафранот помага и за зараснување на надворешни рани и внатрешни повреди на слузницата, посебно на желудникот. Од тука се препорачува да се пие чај од шафран два пати дневно при чир на желудник и дванаестпалачно црево. Некои луѓе тврдат дека чајот помага и кај псоријаза и иритиран колон, но тоа се уште не е научно потврдено.

Сите шафрани немаат ист квалитет и иста содржина на лековити материи: најдобри се мексиканските и американските, кои воглавно завршуваат на американско-канадското подрачје. Во Европа доминира шпанскиот, кој е многу скап, но доста послаб по содржината на лековити материи. Покрај рибофлавин, шафранот содржи и изобилство на каротеноиди. Присуството на кроцетинот во шафранот, обезбедува заштита на холестеролот од оксидација, што значи дека може да има благопријатно дејство при тенденција на депонирање на масни наслаги во крвните садови.
Со оглед на тоа што употребата на шафранот е многу популарна во некои јужни делови на Шпанија, многумина сметаат дека токму употребата на шафранот има за последица ниско ниво на морбидитет од кардиоваскуларни болести, посебно од артериосклероза.

Исто така, присуството на Б2 витаминот во шафранот делува поволно врз мигрените, па на оние со хронични мигрени посебно им се препорачува да го вметнат во својата секојдневна исхрана.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина