Во листот на виновата лоза има многу витамини – Ц, Е, А, К, Б6, и минерали – ниацин, железо, рибофлавин, калциум, магнезиум, бакар, манган, а содржи и многу влакна и фолати.

 

 

Се користи како противиспалително средство и средство за подобра циркулација.

 

 

Противвоспалително делување

 

Листовите винова лоза имаат лесно противвоспалително дејство. Хроничното воспаление е причинител за многу сериозни болести, како што се болести на срцето, многу видови рак и Алцхајмерова болест, но и на артритис, болести на гастроинтестиналниот тракт, како што е Кроновата болест. И, додека животниот стил и генетиката придонесуваат за развој на хроничните воспаленија, исхраната која е богата со притивоспалителни намирници е најдобра стратегија за намалување на долгорочните ризици од болести.

 

Хронична венска инсуфициенција

 

Според истражувањето спроведени во 2010 година на Одделението з дерматологија на Универзитетот во Фрајбург, Германија, растителните екстракти од виновата лоза го намуваат едемот кај болните од хронична венска инсуфициенција. Тоа е состојба која се карактеризира со враќање на крвта од нозете назад во срцето. Кога крвта тешко се враќа во срцето, нозете можат да отечат, што доведува до појавата на едем.

 

Други полезности

 

Листовите винова лоза се користат за лекување и на дијареја, тешки менструални крварења, крварења од матката, чиреви и вагинален исцедок. Американците го користат чајот од овие листови кај дијареја, хепатитис и жеудочни болки.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина