Се смета дека земја на потекло на ротквата се Египет и Кина. За одгледувањето на ротквата во древниот Египет зборувата натписите на Кеопсовата пирамида. Слики од ова коренесто растение се среќаваат и на урнатините на Карнаскиот храм. Од семето на ротквата во стариот Египет се подготвувало растително масло кое било нашироко користено во стариот век. Независно од Египет, исто такво масло произведувале и старите Кинези. Во празничните денови посветени на Аполон, старите Грци принесувале како дар, по нивното сфаќање, три најважни коренести плодови – ротква, цвекло и морков. Карактеристично е што ротквата задолжително била златна, цвеклото – сребрено, а морковот – без сјај.

Лековитите својства на ротквата

Сокот од ротква одамна се сметал за лековит, а докторите подолго време го користат за павилно функционирање на цревата, за јакнење на косата и против кашлица. Во Русија подготвуваме лек така што ја длабеле средината на ротквата, ја полнеле со мед, а потоа откако ќе се создал сладок сок, тој му се давал на болниот.

Ротквата е многу ефикасна против инфекции, а најефикасна е кај проблеми со црниот дроб и жолчката. Сокот од црна ротква го поттикнува излачувањето на жолчката, ги раствора каменчињата и ја враќа во рамнотежа работата на жолчното ќесе. Црната ротква се препорачува и за белодробни заболувања и кашлица.

Не постои голема разлика помеѓу белата и црната ротква. И двата вида можат да направат потешкотии во варењето, посебно кај оние почувствителните, па треба што поситно да се нарендаат и да се подготват пред самиот оброк, со цел да не ги загубат лековитите состојки ако стојат.

Белата ротква е посебно застапена во источната кујна. Јапонците ја нарекуваат „чистач на организмот,,, бидејќи го ослободува телото од вишокот холестерол и триглицериди, претставува активен диуетик кој го топи песокот и каменчињата, помага во варењето на мастите, а исто така смирува бронхитис и ја поттикнува работата на жолчката.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина