Калопер (лат. име Chrysanthemum balsamita – Tanacetum balsamita) е зелјесто растение со полегнати подземни стебленца од кои излегуваат големи, долги листови прекриени со белузлави влакненца. Потекнува од Истокот. Му припаѓа на семејството на луковичари (Familiae Compositae). Природен е: аперитив, антисептик, антибактерик, адстригент, антиспазматик, антихелетик, депуратив, дигестив, диуретик, холагог, лаксатив, инсектицид и седатив.
Второто име за Калопер е Божја прекривка, а странските називи му се Costmary, Herbe-au-coq Menthe-de-Notre-Dame, Balsamkraut, Голопер Балзамовка и Erba-amara balsamica.

Карактеристики на растението

Опис: трајно мирисно растение кое расте и до 1 метар висина. Листовите му се со овален облик, назабени на рабовите. На врвот од стебленцето се разгрануваат жолти цветчиња. Коренот му е разгранет.
Цвета од април до август. По мирис и вкус има балсамички мирис и ароматичен вкус. Калоперот е растение кое се одгледува по градините, на сончеви места. Од него се собира целото растение додека е во цвет, а листовите се собираат пред да процути. Се суши брзо, на место каде има силно струење на топол воздух. Потоа треба да се складира во херметичка амбалажа.
Во својот состав содржи многу лековити соединенија: етерично масло, борнеол, камфор, смола, танини, стероиди, танацетин, а од киселините содржи танинска киселина, лимонен, тујон и пинокарвон.

Лековито делување:

Листовите на калоперот традиционално се користат за лекување на:
желудникот и цревата (при нарушување на варењето на храната, за јакнење на желудникот, хемороиди, слаб апетит, грчеви, надуеност, запек, дизентерија),
при женски болести (за предизвикување менструација, аменореја, грчеви на матката, инфекции, потешкотии при зачнување),
црниот дроб и жолчката (заместен црн дроб, слаб црн дроб),
бубрезите и мочниот меур (инфекции, слаб мочен меур, за јакнење на мочниот меур)
кожата (при убоди од инсекти и казнувања од отровни животни се ставаат облози, разни видови рани),
наметници во косата (вошки),
трески,
водени болести (ascites, едеми),

Цветовите од калоперот се користат посебно за лекување на болести на:
бубрезите и мочниот меур (нарушувања во мокрењето, против инфекции, поттикнување на мокрење),
белите дробови (настинки, бронхитис, кашлица).

Во фитотерапијата калоперот се користи при инфекции со нематоди (заоблени црви), површински како антискабиоз и кај пруритус, а посебно кај глисти кај деца.
Калоперот некогаш бил омилен зачин во Европа, и тоа посебно во Англија и Франција, каде бил составен дел од мешаните салати. Неговите листови се користеле за арома на супите, сирењата, колачите е и печивата.

Од калоперот се приготвува чај и тинктура.

Чајот се прави од 1 супена лажица иситнети и исушени листови од калопер и 2 дл. вода. Со врела вода се прелеваат листовите, поклопуваме и оставаме да отстои 15 минути. Потоа се процедува и се пијат 2 – филџани на ден.

Тинктурата се прави од алкохол, а се употребува за лекување на горенаведените болести. Се земаат 10 – 15 капки 3 пати на ден со малку вода или чај. Се подготвува така што се зема едно шише, се полни со свежи цветови калопер и се залева со ракија. Се остава да отстои 3 – 4 недели на сонце или на топло место, потоа се процедува и се истура во добро затворено шише. Одличен лек е за осип, чиреви, испукани раце и реума.

Сепак, калоперот содржи и некои отровни материи. Затоа се препорачува повеќе да се употребува надворешно, а кога се зема како чај, потребно е придржување до пропишаните дози. Симптомите од труење со калопер се забрзан слаб пулс, тежок гастритис, силни спазми и конвулзии.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина