Неселективните нестероидни антиинфламаторни лекови (NSAIL) можат да го зголемат ризикот од срцев удар, наведуваат стручњаците од Универзитетот во Мичиген. Претходните студии ги поврзале овие лекови со абнормалниот срцев ритам, кој може да предизвика срцевцудар, како и со зголемениот ризик од добивање срцев удар и мозочен удар, ако се земаат редовно. Лековите, заедно со подгрупата на антиинфламаторни лекови попознати како COX-2 инхибитори, се користат за болки и инфламации, а нив често ги земаат оние кои имаат артритис. Новата студија ги користела податоците од речиси 10 милиони корисници на NSAIL од Велика Британија, Холандија, Германија и Италија, кои ги започнале своите терапии меѓу 2000 и 2010 година. Меѓу нив, 92.163 биле идентификувани како хоспиталиизрани поради срцев удар.

Студијата открива дека оние кои користеле било кој NSAIL во последните две недели пред и по студијата, имале за 195 поголем ризик од срцев удар, за разлика од оние кои го користеле само некогаш во минатото. Ризикот е зголемен кај седум традиционални лекови против болки (диклофенак, ибупрофен, индометацин, кеторолак, напроксен, нимесулид и пироксикам) и кај два COX 2 инхибитори (еторикоксиб и рофекоксиб). Зголемениот ризик се движел од 16% за напроксенот до 83% за кеторолак. Истражувачите исто така откриле дека ризикот од срцев удар е зголемен кај диклофенакот, етерикоксибот, индометацинот, пироксикамот и рофекоксибот, ако се користат во поголеми дози, и нагласуваат дека ова треба да се земе во обзир со внимателност.

Ризикот по се изгледа варира меѓу лековите и одредените дози од лекот. Во пратечкиот вовед на студијата, двајца истражувачи на здравје во Данска наведуваат дека поради широко распространетата употреба на NSAIL “дури и малото зголемување на кардиоваскуларните ризици е голема грижа за јавното здравје”. “Познато е дека таквите лекови мора да се земаат со претпазливост, посебно кај оние пациенти со поголем или помал ризик од срцеви болести. Ова најмногу се однесува на оние кои ги земаат на дневна база, а не повремено.” “Поради тоа што срцевите и пролемите со зглобовите се јавуваат напоредно, посебно кај постарите луѓе, оваа студија служи како потсетник на докторите внимателно да препишуваат нестероидни антиинфлматорни лекови, а на пациентите да користат помали дози такви лекови во кратки временски периоди.,,

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина