Долготрајното консумирање на нестероидни лекови против болки и воспаленија, кои се издаваат без рецепт, се поврзани со ризикот од срцев удар, пишува CNN.

Веројатноста од добивање на срцев удар кај оние кои долготрајно консумираат ваков вид на лекови се зголемува во просек за 20 до 50% во однос на оние кои не консумираат вакви лекови. Дозирањето и вкупното време на земање на лековите не влијаело на зголемувањето. Ова откритие е преставено во најновата студија, која се темели на истражувањето кое го има спроведено една група истражувачи предводена од доктор Мишел Вали од Болничниот истражувачки центар во Универзитетот во Монтреал.

Во споменатта група на лекови спаѓаат ибупрофен, диклофенак, целекоксиб и напрокесен, но се покажало дека тие не предизвикуваат директно срцев удар.
Ризикот од срцев удар кој се поврзува со земањето лекови против болки расте веќе по првата недела од земањето лекои, независно од видот на лекот и дозата. Ризикот кој се поврзува со земањето високи дози е најголем за време на првиот месец по земањето на лекот.

Меѓутоа, истражувачите истакнуваат дека нивните резулати се строго од опсервациска природа и дека во текот на истражувањето не се по систематски начин земени во обзир многу важни фактори, како што е пушењето цигари, консумирањето алкохол и дебелината.

“Ова е најголемата студија од ваква природа, но се темели на информациите за рецептите и издавањето лекови. Не се водело сметка за тоа дали луѓето навистина ги пиеле тие лекови или не” – изјавил доктор Амитава Банерџи.

“Истражувањето доведо до добри докази, но ризиците се искажани релативн. Нела јасне опис на апсолутниот ризик. Поради тоа што истражувањето зборува за зголемување на шансите од инфаркт, зголемувањето од 20% до 50% кај оние со мал ризик не претставува причина за загриженост”– истакнал Стивен Еванс, професор по фармакоепидемиологија.

Еванс додал и дека сите лекови имаат несакани дејства и дека треба да се внимава при припишувањето лекови против болка.

 

“Оваа студија не треба да биде причина за паника кај корисниците на лекови” – заклучил тој.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина