Проширените или варикозни вени се најчестото венско заболување, а се смета дека секоја петта личност боледува од нарушување на венската циркулација. Притоа почесто се погодени жените од мажите, а бројот на болните се зголемува со возраста. Проблемите со проширените вени не се само од естетска природа и ако не се лекуваат можат да се претворат во посериозен здравствен проблем.

 

Кремите заменете ги со цитруси

 

Вените се крвни жили кои ја транспортираат крвта кон срцето и содржат валвули, кои го оневозможуваат враќањето на крвта во спротивна насока и на тој начин и пркосат на гравитацијата. Варикозните вени настануваат кога валвулите ќе ослабнат и тогаш крвта може да се насобира во екстремитетите, циркулацијата слабее и крвта не може непречено да се враќа кон срцето. Обично се појавуваат на надворешната или внатрешната сгтрана од нозете како последица од долготрајно седење или стоење. Се манифестираат како зголемени, сини или виолетови испапчени жили, а можат да се појават и поситни капилари, кои потсетуваат на пајакова мрежа. Првите знаци на нарушување се читаат како болка и тежина во потколената, брзо заморување, чувство на пецкање, отоци во пределот на зглобовите, грчеви во нозете при спиење или долготрајно неменување на положбата. Овие симптоми се веќе знак за тревога, бидејќи како што минува времето болеста напреднува и станува хронична, а симптомите добиваат посериозен карактер. Кожата на критичните места станува се потемна, се јавува чешање и оток и на крај се појавуваат и рани. Во тој миг е клучно да се реагира и да се започне со превентивна терапија во вид на правилна исхрана, контрола на телесната маса, одбегнување високи температури, редовна телесна активност и земање соодветни додатоци во исхраната. Најзначајни прехранбени борци против проширените вени се биофлавоноидите. Помалку е познато дека тие природни соединенија од растенијата се основни состојки во кремите и безрецептните лекови кои се користат за ублажување на тегобите со проширените вени. Сите тие нешта потекнуваат од растителната храна, посебно од цитрусното овошје и од бобинките.

 

Меѓу биофлавоноидите посебно се истакнува рутинот, кој природно се наоѓа во бројни растенија, овошје и зеленчук. Најбогат извор на рутинот е хељдата, иако го има и во цитрусните овошја, црниот чај, лушпата од јаболкото, кајсиите и црешите. Рутинот поседува силни антиоксидативни и противвоспалителни својства.

 

Винова лоза и растителни масла

 

Одлични природни извори на одличните фармаконутритиенти се и боровинките, капините, јагодите, малините, брусниците, црвените и црните рибизли, црешите, нарот, но и некои овошја со егзотични имиња, како што се акаи, гоџи бобинки, мангостен и се популарната аронија. Пожелно е консумирање на свежо овошје, матични сокови и разни преработки, како што се компот и џемови. Во ублажување на тегобите од венската циркулација помага екстрактот од див костен, гинко билоба и листовите од виновата лоза. За здравје на вените важен е и витаминот Е, кој го има во растителните масла, како што се палминото, лененото, маслото од репка и сусамовото масло, како и маслото од пченични никулци.

 

Намирници кои се одлични за вените:

 

Бобинки

 

Тука спаѓаат малините, капините, боровинките, рибизлите, брусниците и јагодите. Богати се со флавоноиди, односно соединенија кои овие овошја ги содржат за зачувување на својот ,,имунитет,, и имаат функција на оксиданси. Се покажале поволни и за превенција од карциноми.

 

Црн чај

 

Изобилува со антиоксиданси кои му помагаат на телото во борбата против слободните радикали како и за превенција од потенцијално тешки болести.  Овој напиток може да помогне за подобра контрола на крвниот притисок и да го сопре опасното стеснување на артериите.

 

 

 

Јаболки

 

Изобилуваат со хранливи соединенија. Помагат во губењето на вишокот килограми, го намалуваат ризикот од заболување од дијабетес, го стабилизираат нивото на шеќер во крвта, но штитат и од срцеви болести.

 

Кајсии

 

Покрај нивниот одличенм мирис и вкус, кајсиите се здрави и богати со витамини. Изобилуваат со витамините А, Ц и Б-комплекс, калиум и бета-каротен.

 

Акаи

Исклучително хранливо овошпје поради богатството од фитохемикалии. Го чуваат здравјето и ја јакнат отпорноста на организмот, се грижат за младешки изглед на кожата и се од голема помош шри слабеење.

 

Див костен

 

Од дивиот костен се изработуваат препарати за лекување на венски заболувања, пред се за проширени вени, хемороиди, тромбофлебитис и сл. Содржи значителни количини витамин E. Кој ја зголемува отпорноста на капиларите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина