Состојки:

 

  • 3 филџани карфиол, искинат на цветови
  • 6 јајца
  • 1 и 1/4 филџан бадемово брашно
  • 6 лажици путер (истопен)
  • 5 чешниња лук ситно исецкани
  • 1 лажица исецкан темјан
  • 1 лажица исецкан магдонос
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка хималајска сол
  • рендан тврд кашкавал (за сервирање)

 

Подготовка:

 

Претходно загрејте ја рерната на 175oC. Плехот за печење обложете го со хартија за печење. Во помал сад ставете го карфиолот и ставете го да се пече додека не омекне. Потоа оставете го да се олади. Кога доволно ќе се олади за да може да се работи, се става на чиста кујнска крпа и се гмечи за да се исцеди водата од него.

 

Јајцата се кршат и се двојат белките од жолчките. Белките се матат во цврст снег.

Путерот се растопува, а во сад се мешаат заедно бадемовото брашно, прашокот за печиво, солта, жолчките, путерот, лукот и отприлика четвртина од масата изматени белки. Сите овие состојки добро се матата за да се соединат, а на крај им се додава изгмечениот карфиол и остатокот од изматените белки. Додадете го темјанот и магдоносот. Вака добиената смеса ставете ја во плехот обложен со хартија за печење и печете додека одозгора не се фати златнокафеава боја, околу 45-50 минути. Оставете да се олади пред да го исечете на парчиња. Парчињата наросете ги со ситно рендан кашкавал.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина