Состојки:

 

  • кори за лазања
  • 1,5 кг. тиква
  • 3 лажици маслиново масло
  • 4 шолји млеко
  • 1/2 путер
  • 4 лажици брашно
  • 1и 1/3 шолја рендан тврд кашкавал
  • 1 шолја полномасна павака
  • 2 лажици сув рузмарин
  • 1 лажица ситно сецкан лук
  • сол
  • црн пипер

 

Подготовка:

Корите за лазањи подгответе ги според упатството. Тиквата исечете ја на 4 дела, излупете ја кората, извадете ги семките и исечкајте ја на коцкички на 1,5×1,5 см.  ја рерната на 230oC. Два плеха за печење намастете ги со по една лажица масло и наредете ги парчињата тиква и измешајте ги да се намастат. Ако треба, додајте уште по една лажица масло. Печете во рерна околу 10 минути, а потоа посолете ја и печете уште 10-15 минути, додека не омекне или додека не почне да добива златна боја.

За тоа време, подгответе го сосот. Ставете го млекото во тава, додајте го рузмаринот и загрејте до вриење. Варете на тивок оган 10 минути, а потоа процедет го низ цедалка. Путерот стопете го заедно со лукот во друга тава и мешајте околу 3 минути. Тргнете го од оган путерот и во него полека налевајте од млекото кое вриеше со рузмаринот. Варете додека не згусне сосот, а потоа ставете ја во сосот печената тиква, се добро измешајте и ставете црн пипер.

Намалете ја температурата на 190oC. Земете еден поголем плех за печење и намачкајте го со путер. Ставете една шолја од сосот во плехот за да го покрие дното, па прекријте со листови лазања. Одозгора намачкајте ги со половина од сосот, па посипете со пола шолја рендан тврд кашкавал. На истиот начин направете уште по еден слој, така што да почнете и да завршите со кора лазања.

Во поголем сад изматете ја павлаката со 1/2 лажичка сол, додека не почне да пенее на врвот, па со тоа премачкајте ја последната кора лазања. Одозгора наросете пак со рендан кашкавал. Прекријте го плехот со алуминиумска фолија и печете во рерна околу 30 минути. По ова време, отстранете ја фолијата и печете уште 10 минути.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина