Предвидувањата на научниците се остварија. Квантната медицина полека го освојува светот и би можела да стане водечка гранка во овој век. На таков заклучок наведуваат нејзините неизмерни можности при дијагностицирањето и навременото откривање на патолошките промени во организмот, кои можат да им поминат на други апарати: на ултразвукот, скенерот или магнетната резонанца.
Квантно – информативната медицина е нова гранка на медицината и заедно со класичната медицина и со најновите сознанија по биофизика и електроника е составен дел од интегративната медицина. Таа, всушност, ги детектира сите промени на, наизглед, здравиот како и болсниот орган. Тоа го прави со голема прецизност, дури и кога се работи за најмали промени на клетките, така што овозможува навремена терапија. Квантната медицина е гаранција за добро здравје, во смисла на превенција, дијагностика и терапија на многу заболувања.

Научниците ја имаат прогласено квантната медицина за медицина на иднината. Таа користи неинвазивни методи во дијагностицирањето и терапијата без контраст, зрачења и затворен простор. Значи, потполно е безбедна и комфорна за пациентите. Со холистичкиот пристап, пациентот се гледа како целина, односно се лекува човек, а не некое растение. За краток временски рок се добиваат голем број информации за здравствената состојба на пациентот, за сите органи и органски системи. Се темели на биолошката резонанца, така што секоја клетка претставува електромагнетна единица која испраќа електромагнетни бранови како резултат на биохемиските процеси кои се случуваат во неа. Кога нормалното електромагнетно поле во клетките ќе се наруши, се менуваат и процесите, и тоа доведува до заболување. Промените прво настануваат во меѓуклеточната комуникација. Тоа е таканаречената информативна фаза, која преминува во енергетска, за подоцна да настанат евидентни промени и во лаботароријата, се до појавата на болеста која, може да ја дијагносицираат и ултра звукот и другите апарати.

На кој начин се ,,чита,, здравствената состојба во организмот

Биорезонантниот и термовизискиот скенер се совршени достигнувања на квантната физика за согледување на здравствената состојба на организмот. Се дијагностицираат сите промени на електромагнетното поле и брановите, како и прекинот на информациите на клеточно ниво. Биорезонантниот скенер не само што ја дијагностицира болеста во фазата кога се уште нема органски промени (и неа можат да ја препознаат ултразвукот, скенерот и магнетната резонанца), туку тој може истовремено да замени неколку специјалистички прегледи, разни снимања, тестирања и лабораториски анализи. Што е најважно, повеќе нема зрачење. Оваа единствена дијагностичка апаратура може да ги следи сите етапи и премини од здравје кон болест врз основа на промените на електромагнетните особини на ткивата, на одделни клетки и хромозоми. На докторите им дава многу информации, до најситни детали, за присуство на бактерии, вируси и паразити, како и на алергените, воспалителните и дегенеративните и други процеси. Ваквото детално согледување овозможува голем избор на терапии.
Терапијата се поставува така што посебно за секој пациент посебно се тестира лекот кој постои во меморијата на апаратурата. Тоа може да биде и некој лек кој пациентот ќе го донесе, а се утврдува дали поволно делува врз болеста или има несакани ефекти врз организмот. Исто така, се одредуваат квалитетна крвна слика како и биохемиски промени без земање крв.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина