Кус-кус колач со прелив од малини
Состојки:
- 4,5 филџани природен сок од јаболки
- прстофат нерафирнирана морска сол
- 1,5 филџан кус-кус
- 1/2 филџан кокосово брашно (или мелени лешници)
- 1 филџан малини
- 3-4 лажички желатин
Подготовка:
Ставете на оган да провријат 4 филџани сок од јаболки (половина филџан се остава за прелив) со морската сол. Додајте ги кус-кусот и кокосовото брашно. Кога смесата повторно ќе зоврие, варете 5 минути со непрекинато мешање, за кус-кусот малку да омекне. Добиената смеса префрлете ја во мал четвороагoлен плех и распределете го да добиете кора со дебелина од околу 5 см. Оставете ја да се олади и ставате ја во фрижидер да се стегне. За тоа време малините измешајте ги со остатокот филџан со сок од јаболка и малку морска сол. Нека зоврие, мешајте околу 1 минута, па испасирајте го сокот низ цедалка. Во добиениот сируп од малини измешајте го желатинот, кој претходно сте го раствориле со 2-3 лажици ладен сок од јаболка. Варете околу 3 минути, оставете го на кратко да се олади и потоа истурете го сосот врз подлогата од кус-кус и вратете ја во фрижидер.