Куркума или индиски шафран, растителен вид кој спаѓа во групата џумбировки        (Zingiberaceae),од чии корени се добива истоимениот зачин со ароматичен луто,благо- горчлив,смолест вкус.Сушената куркума развива вкус на портокал и ѓумбир,со луто,горчлив и мошусен вкус. Во индиските јадења со грав,компири и зеленчук ,јадења со риба, јагнешко месо и живина,е неизоставен зачин. Со пријатен мирис,на јадењата им дава убава златна боја, а има и повеќе имиња како индиски шафран или жолт корен. Во текот на историјата се користел како зачин, боја за материјали и како лековито средство.

Доколку видите на декларацијата на производот во списокот на состојки,додадок во исхраната E100, не грижете се, тоа е име за природната боја curcumin. Жолтата боја на коренот го прави честа замена за скапиот шафран, исто така е и еден од главните состојки кој е одговорен за жолтата боја на карито во прав.

Енергетската вредност на 100 гр. мелена куркума изнесува 354 kcal1481 kj. Во тоа содржи 65% јаглехидрати,8% протеини и 10% масти. Од минерали во неа се наоѓаат калциум 183 mg., железо 41.5 mg.,магнезиум 193 mg., фосфор 268 mg., цинк 4.4 mg., бакар 0.6 mg., манган 8mg. и селен 4.5 mg.

Од витамини куркумата содржи витамин Ц 26mg, тиамин или витамин Б1 0.2mg., рибофлавин или витамин Б2 0.2 mg., ниацин или витамин Б3 5.1 mg., витамин Б6 или пиридоксин 1.8 mg., витамин К 13,4 mg. и витамин Е 3.1 mg.

kurkuma

 

Меѓу другите хранливи материи куркумата на 100 gr. содржи 21 gr. влакна.

Куркумата е исклучително лековита билка, а се употребува повеќе од 5000 години.Активната состојка во куркумата е curcumin, што дури и во многу ниски концентрации има лековито дејство. Првенствено е познат по своите антиоксидантни, анти- воспалителни и антибактериски својства. Антиоксидансите го спречуваат штетното делување на радикалите врз здравите клетки во организмот, со што може да доведат  до појава на многу сериозни болести. Благодарение на ова својство,ја спречуваат оксидацијата на холестеролот со што се штитат крвните садови од оштетување и таложење на плаки кои мошата да доведат до мозочен или срцев удар.

Антиинфламаторното дејство на куркумата е одеднакво ист како и кај некои антиинфламаторни лекови без никаков токсичен ефект.

 Куркумата има одлични  пеформанси на здравјето на мозокот и когнитивните функции

Новото истражување на научниците од Австралија открива дека куркумата одлично влијание врз меморијата и дека може да ја подобри за еден час. Активната состојка во куркумата ( curcumin), има одлично влијание врз здравјето на мозокот и конгитивните функции.

Во истражувањето биле вклучени 60 здрави возрасни лица на средна возраст.Тие пополниле прашалник во кој имало прашања за нивниот начин на живот.Учесниците требало да земат примерок од куркума, а истражувачите ја  испитале нивната меморија пред и по земањето на куркума.Резултатите покажале дека куркумата навистина  ја подобрува меморијата по еден час. Конгнитивните функции кај учесниците биле значително подобри,нивната циркулација на крвта била подобра и чуствувале позитивни промени во расположението по земањето на куркума. Дури, и учесниците кои страдале од Алцхајмерова болест,анксиозност, раздразливост и апатија,почуствувале позитивнии промени по земањето на curcumin. Учесниците  во студијата земале 700 mg на куркума дневно во период од 12 недели.Експертите посочуваат дека пред употреба на куркума, потребна е консуллтација со лекар или фармацевт.

Претходните истражувања покажуваат дека луѓето кои редовно консумираат curcumin, по неколку месеци чувствуваат позитивни промени во нивното здравје.Само една година редовно консумирање е доволен за значително намалување на кардиоваскуларните болести.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз