Кучињата не се само одлични домашни миленици, туку тие многу често знаат да препознаат разни потенцијално опасни симптоми кај луѓето и да ги ,,дијагностицираат,,

 

Дијабетес

Кучињата кои можат да предупредат за дијабетес се користат кај оние пациенти кои патат од дијабетес тип 1, кај кои нивото на шеќер во крвта е прениско и кои се во опасност од хипогликемија. До неа може да дојде ако пациентот не јаде доволно или ако случајно земе премногу инсулин. Но, некои дијабетичари не можат да ги забележат овие знаци за предупредување, како што се бледило и чувство на непријатност. Без третман, тие можат да ја загубат свеста.

,,Куче може да детектира промена во мирисот на телото, која упатува на ниско ниво на шеќер во крвта,, тврди доктор Клер Гост, која води едно британско хуманитарно здружение во кое се тренираат медицински кучиња за детекција. Таа вели дека тие ги тренират нивните кучиња да лижат, да туркаат и да зјапаат во оној кој има хипогликемија за да бидат сигурни дека тој знае дека мора да побара помош.

Аутизам

Кучињата го намалуваат агресивното однесување кај аутистичните деца. Кучињата се тренираат да ја стават главата во скут на детето, што ги смирува кога се во невоља, а исто така помага при излетите, кога аутистичните деца знаат да заталкаат некаде.

Болка

Американското здружение Paws for Comfort (Шепи за утеха) ја користи расата кучиња мексикански голокожци за помош на оние луѓе кои имаат хронична болка предизвикана од состојби како што е на пример фибромиалгијата. Сите кучиња имаат природно висока телесна температура, но мексиканските голокожци се речиси без влакна, а се потопли на допир.
Кога тие ќе се приближат до сопствениците, нивната телесна температура дава олеснување слично на она кое го дава една загреана перница.

Деменција

Лабрадорите и ретриверите се обучуваат за да ги тераат пациентите со деменција да ги јадат оброците, да земаат лекови, да одмораат и спијат кога е тоа потребно.
Едно истражување објавено во списанието Western Journal of Nursing Research покажало дека кучињата помагаат да се намали вознемиреноста кај болните заболени од Алцхајмерова болест и ја потикнуваат социјалната интеракција.

Епилепсија

Кучињата можат да бидат оспособени за да делуваат како систем за предупредување при напади на епилепсија. Тие можат да го алармираат болниот дури 40 минути пред нападот, што дава доволно време да се земат лековите за да се спречи нападот или да се побара помош. Се смета дека со сетилото за мирис кучињата ги детектираат хемиските промени во телото, кои се случуваат пред нападот. Некои кучиња се дури обучени и да легнат пред оној кој има епилептичен напад и таа да го спречат да се движи и притоа да се повреди.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина