Најновото достигнување на кубанските доктори, поради кое оваа земја се најде во центарот на вниманието, е вакцината “CimaVaks EGF”, која нивните доктори ја имаат откриено уште пред 25 години. Досегашните резултати од тестирањето на Куба покажале дека завиден број пациенти, кои примиле кубанска вакцина против рак на белите дробови, живееле подолго од пет години

Кубанската медицина и носи милијарди на оваа земја, а докторите стручњаци од оваа земја тежнеат кон тоа да бидат број еден во здравствениот туризам. Куба има еден доктор на 170 пациенти, што е еден од највисоките просеци во светот. Куба се надева дека овој тренд ќе продолжи и дека се повеќе странци во иднина ќе бараат медицинска помош токму во нивната земја, како поради врвните стручњаци и достигнувања, така и поради евтиното и ефикасно лекување.

Кубанските научници тврдат, врз основа на истражувањата кои се вршени над повеќе од 3.500 заболени пациенти, дека со овамедицинско чудо“, завиден број болни, околу 20% од пациентите живејат подолго од пет години. Но, тие притоа истакнуваат и дека вакцината не делува превентивно, туку дека само ги стопира протеините кои го поттикнуваат неконтролираното растење на клетките на ракот. Таа го стимулира имунолошкиот систем да се бори против растот на малигните клетки и против нивното преоѓање во метастази. Доколку се покаже дека вакцината е ефикасна, ракот на белите дробови може да се претвори во хронична болест. Кажано со други зборови, вакцината се базира на протеинот кој се наоѓа во организмот на пациентот, а кој влијае врз размножувањето на клетките на ракот, а делува така што создава антитела кои се борат против тој протеин и на тој начин го спречуваат понатамошното метастазирање. На овој начин, вакцината всушност прави пациентите кои ќе ја примат да можат да живејат со неа како да имаат дијабетес, исто како што дијабетичарите примаат инсулинска терапија.

Тестирањето на овој лек е одобрен кај оние кои имаат немикроцелуларен рак, поточно рак на белите дробови во поодминат трет Б стадиум или четврт стадиум. Клиничките студии направени досега покажале дека вакцината не можат да ја примат пациентите со дијагноза рак на белите дробови во поодминат стадиум, со метастази во централниот нервен систем. На овие пациенти им е потребен поинаков третман, вклучувајќи ги и стероидните лекови, чие дејство може да влијае врз ефектот на оваа вакцина. Постојат пациенти кои одреагирале на терапијата со вакцината “cцимавекс EFG” и оние кои воопшто не реагирале на неа. Сето тоа зависи од многу фактори, а пред се од билогијата на туморот. Како што истакнуваат кубанските стручњаци, вакцината е безбедна за користење, а што се однесува до несаканите ефекти, се појавуваат оние кои се присутни и по примањето на други вакцини во вид на лесно до умерено црвенило, анорексија, грчеви, главоболки, мачнини, повраќања, бранови топлина, зголемена температура, хипертензија или хипотензија.

Моментално, клинички испитувања се вршат во 17 ЕУ земји, во кои за нешто помалку од една година се очекуваат првите резултати, со цел да почне да се применува вакцината доколку тие бидат позитивни.

На Куба веќе се работи и на регистрација на оваа вакцина, а исто така паралелно во тек се одвиваат истражувања за вакцина за рак на дојка, дебело црево и црн дроб.

 


Тагови: вакцинарак
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина