crosfit

Новиот метод на вежбање – КросФит – е сè повеќе распространет низ целиот свет. Сега спартанските тренинзи не се резервирани само за мажите, туку и многу дами избираат на овој начин да се грижат за своето тело и здравје.

КросФит тренинзите се нарекуваат војнички тренинзи на традиционален начин и спартански тренинзи, а ги опфаќаат популарните спортски дисциплини: атлетика, гимнастика, кревање тегови, а често и пливање и велосипед.

Во една сесија вежбање може да се согорат и до илјада калории, а КросФит-от е наменет за секого. Така, се поголем е бројот и на жените кои во последните години се одлучуваат токму за овој програм на вежбање и имаат извонредни резултати. Експертите веруваат дека жените ги привлекува фактот што тренинзите се групни и сите заедно учествуваат во одредени вежби.

КросФит е нова програма на вежбање со која се стекнува сила и кондиција, но неговите цели се и подобрување на мускулната, кардио-респираторната издржливост и флексибилност. Во тренингот, помеѓу другото, е вклучен и тренинг со тегови, качување по јаже, превртување на камионски гуми и гимнастичко одржување на рамнотежата.

crossfit2

 

Сепак, овој вид на вежбање е и многу контроверзен. Оваа програма, имено, е осмислена во почетокот на деведесеттите години за потребите за унапредување на формата на американските војници. Многу е тежок и напорен, со висок интензитет е, па изненадувачките резултати и не изненадуваат. Овој вид на тренинг станал познат “надвор” од светот на војската, благодарение на интернетот, преку кој мажите и жените ги споделиле со светот своите искуства и фотографии, кои јасно ги покажувале резултатите од ваквите тренинзи. Набрзо, групите кои биле заинтересирани за КросФит се состанувале во парковите и гаражите и тренирале заедно.

Сепак, КросФит-от својата вистинска слава ја доживеал кога се прочуло дека на овој начин вежбаат и холивудските ѕвезди како Бред Пит, Ченинг Татум и Џејсон Статам.

Сепак, иако на сите им е дозволено да тренираат на овој начин, не секој може да го издржи кросфит тренингот.

Некои движења се многу тешки, па кросфитот е идеален за оние луѓе кои постојано се испитуваат себеси и ги поместуваат своите ограничувања, но постојат и оние на кои тоа не им одговара, заради што често доаѓа до повреди.

10 фитнес совети од КросФит вежбачите!

Насмевнете се!

“Што и да правите, секогаш забавувајте се. КросФит-от секогаш нуди предизвици- но, важно е никогаш да не ја тргнете насмевката од своето лице. Позитивниот став е од голема помош”- Џанет Хајнх, 29 години, натпреварувач.

Излезете надвор од својата комфорна зона

Мора да бидете поготвени да ви биде неугодно додека ја постигнете својата цел. Менталната сила е подеднакво важна како и физичката!- Емили Тејлор, 21 година.

Придржувајте се до правилата. Не наоѓајте изговори!

Клучно за мене е тоа што останувам посветена. Тренирам 5 дена неделно, без оглед на се. И не се плашам да кревам големи тежини!- Алекс Спарлинг, 26 години.

Правило на одмор

Одморот е најважен. Секогаш се трудам добро да спијам во текот на ноќта, и си земам еден ден одмор од вежбањето, во зависност од тоа како се чувствува моето тело. Доколку сум уморна, си земам и повеќе дена одмор- Чак Мак Доналд, 57 години.

Не дозволувајте рутината да преовладее во вежбањето!

Секогаш е интересно! Го сакам КросФит-от, но исто така и друштвото со кое вежбам. Тоа помага работите да не станат здодевни и помага да се совладаат разни вештини- Кејтлин Греј.

Поттикнете го Олимпиецот во себе!

Омилениот дел кај КросФит тренингот ми е воведувањето на гимнастиката. Стојот на раце, салтата напред и назад, но и другите гимнастичарски вежби учат на одржување рамнотежа и стабилност на мускулите на јадрото, што помага и при кревањето тежини – Кејти Рајт, 30 години, натпреварувач.

Не занемарувајте ја диетата!

Осумдесет проценти на мојот успех се должи на диетата. Но диета наменета за спортисти- За да не бидам никогаш гладна! Плус, го сакам КросФит-от бидејќи во кој друг спорт жените се еднакви со мажите?

КросфИт нуди многу! Пробајте го!

КросФит го менува животот! Учењето на дисциплината во теретаната води до внатрешни промени како стекнување на поголема самодоверба, која ви помага при сите аспекти на животот. Има моќ да ви го смени животот- затоа о обожавам КросФит-от- Андреа Севард, тренер по КросФит.

Храната нека ви биде гориво!

Поголемиот дел од тренингот е за исхраната. Експериментирајте со својата исхрана се додека не видите што најмногу ви одговара. Мене најмногу ми одговара комбинација од Палео диета и Зона диета, кога ја практикувам, чувствувам зголемен наплив на енергија – Крис Мускарела, 32 години.

Со вежбање до совршенство!

Вежбајте, вежбајте, вежбајте!- Чарлс Суливан, 57 години.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.