Состојки:

 

  • 6 поголеми главици кромид
  • 200 гр. инстант кус-кус
  • 2 лажички исецкан ѓумбир
  • масло
  • чешне ситно исецкан лук
  • 2 лажички маслиново масло
  • 2 лажички бадеми (исецкани на ливчиња)
  • мелен ким
  • мелен коријандер
  • 2 домати (лупени и исецкани на коцкички)
  • 1 грст исецкан босилек
  • сол, црн пипер

Подготовка:

 

Главиците кромид сварете ги во солена вода 10-15 минути, за да можат полесно да ги издлабите. Потоа извадете ги исцедете ги. Отсечете им го врвот и внимателно издлабете ги со мала лажичка. Остатокот од кромидот ситно исецкајте го. Во сад измешајте ги кус-кусот, ѓумбирот и додадете врела вода. Оставете околу 15 минути за кус-кусот да ја впие течноста и да набабри. Рерната загрејте ја на 200°C. Кратко пропржете ги лукот и бадемот на врело масло, додајте малку ким и коријандр. Тргнете ги од огнот и додадете ги кус-сусот и исецканиот кромид. Зачинете со сол и црн пипер.

Во сад за печење ставете ги издлабените главици кромид и наполнете ги со смесата кус-кус. Вишокот смеса ставете ја во просторот помеѓу кромидите. Печете ги со рерна околу 20 минути. Испечениот кромид украсете ги со босилек.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина