Потребно:

 

 

  • 20 дкг. просо (просена каша)
  • 6-7 гр. сол
  • 6 дкг. ситно сецкан кромид
  • 1 голема главица лук
  • 5 листа босилок (може и сув)
  • 1 лажица оригано
  • 1 лажичка мелен црн пипер
  • 1/2 литар масло за пржење
  • 6 дл. вода
  • 5-6 големи лажици лебни трошки

 

 

Подготовка:

 

 

Просото ставете го во цедилка и измијте го со студена вода. Потоа ставете го во тенџере, налејте 6 дл. студена вода, посолете, ставете црн пипер и варете 15 минути со постојано мешање додека просото не се распадне целосно.

Ситно сецканиот кромид пропржете го на 2 големи лажици масло и додадете го во свареното просо. Додадете им го лукот, ситно сецканиот босилек и ориганото. Со влажни раце од смесата обликувајте крокети и валкајте ги во лебните трошки. Пржете ги во врело масло додека не се вцрвенат.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина