Овој седмолист (лат. Aegopodium podagraria) уште е познат со името јарчевец. Повеќегодишното зелјесто растение е посебно популарно во германската и руската кујна, каде неговите листови обилно се користат за зелена чорба за која веруваат дека ја чисти крвта и ја враќа силата. Во Русија од сомелените листови заедно со рачките се прави и еден вид на ајвар. Козја нога расте на подрачјата во Европа и Азија. Во средниот век ја одгледувале во манастирските градини и ја користеле како задолжителен додаток на разни јадења.

Седмолистот се размножува по пат на подземни ползечки корења, а расте и д оеден метар. Стебленцето е исправено, голо, внатре шупливо, а на врвот разгрането. По арома листовите се слични со оние на магдоносот и целерот. Во 100 грама листови има дури 80 милиграми витамин Ц, што е за 20 пати повеќе од неговата содржаност во лимонот, помеѓу 8 и 14 милиграми каротин (витамин А), разни минерали и други корисни состојки.

Козјата нога цвета од април до доцна есен, формирајќи на врвот од стебленцето штитести бели цветчиња. Успева на влажни и сенчести места, меѓу грмушки, проретчени шуми, покрај ливади, реки и потоци, во овоштарници…

Во вид на чај се користи за чистење на организмот и за намалување на маснотиите во крвта, ја регулира циркулацијата, излачувањето на мокрачната киселина, лекува ревматизам, ишијас и костоболка. Облогите направени од топли, сварени и згмечени листови и корени се препорачува за лекување на гихт, артритис, болни и воспалени места.

Во кулинарството се подготвува како спанаќ или како додаток во салати и супи. Јадењата од ова растение ја олеснуваат работата на желудникот и спречуваат воспаление на органите за варење.

Чај

Природен диуретик
Измешајте 30 грама козја нога со по 15 грама бреза, јагоди, невен и глуварче. Супена лажица од оваа мешавина ставете во 600 милиграми врела вода и оставете да врие 10 минути. По половина час стоење содржината процедете ја и пијте по 2 децилитри од неа три пати на ден, пред јадење.

Чистење на крвта
Измешајте 30 грама козја нога, 20 грама ленено семе и по 10 грама линцура, вероника и троскот. Една лажица од мешавината ставете во 600 милилитри врела вода и оставете ја да врие 10 секунди. По половина час процедете ја содржината и пијте по 2 децилитри три пати на ден, пред јадење.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина