Денес, по продавниците можат да се најдат големи количини козметички производи кои се наменети за нега на кожата: креми против брчки, креми против стареење на кожата, третмани против акни, производи за пилинг, гелови за чистење на лицето и симнување на шминката и др. Сето тоа може да биде многу стресно за кожата, а за количината хемија на која секојдневно сме изложени да не зборуваме. Сепак, тајната за здрава и убава кожа се крие во она што јадеме, бидејќи убавината доаѓа одвнатре. Она што го внесуваме во нашиот организам делува директно на изгледот на кожата. Еве кои се нутриенти се потребни за да се има здрава и убава кожа.

Омега – 3

Имате сува кожа? Ако е така, она што треба да го направите е да го зголемите внесувањето на омега-3 масните киселини. Омега-3 се наоѓа во намирниците како што се лососот, оревите, туната, авокадото, лененото семе и многу други. Овие масни киселини се одговорни за здравјето на клеточната мембрана, која служи како заштита од сите потенцијални штетни материи и влијае на правилната апсорпција на нутритиентите. Омега-3 масните киселини се клучни за влажност на кожата, бидејќи влијае на способноста на клетките да ја задржат водата, поради што кожата станува помека, посјајна и со помалку брчки. Предностите на омега-3 можат да ги видат оние кои боледуваат од псоријаза, автоимуни хронични воспаленија на кожата кои предизвикуваат црвенило и создавање лушпички на кожата. Истражувањата покажале дека омега-3 ја спречуваат псоријазата и доведува до подобрување на изгледот на кожата кај оние кои имаат ваква дијагноза. Омега-3 може да се зема и како суплемент, во облик на капсула и масло.

Пробиотици

За еден здрав систем секогаш се врзуваат пробиотиците, добри бактерии кои служат за регулација на цревната флора. Ова најчесто се кажува за јогуртот и кефирот, кои се исклучително корисни за целокупното здравје и здравјето на цревата. На прво место се наоѓа кефирот, вкусен и освежителен киселкаст пијалок кој се прави од т.н кефирни габи и кој лекува или помага при лекување на многу болести и тегоби. Тука се и јогурот и ферментираниот зеленчук, како што е киселата зелка. Јогуртот не е добар само со цревата, туку и за кожата. Земајќи во обзир дека најголем дел од нашиот имунолошки систем се наоѓа токму во цревата, така состојбата на нашите цреви се одразува и на изгледот на кожата. Зголемениот број на добри бактерии помага во борбата против слободните радикали, алергени и останати фактори од околината. Пробиотиците во цревата создаваат бариера која ја оневозможува имунолошката реакција, која за последица има воспаление во организмот и поттикнување на создавање акни, црвенило и други кожни болести.

Витамин А

Дневната доза на витамин А е клучна за регенерација на клетките. Ретинолот, состојка во кремите и серумите против брчките, кој е познат како еден од најдобрите начини за борба со стареењето на кожата, е составен од истите молекули кои се добиваат од витаминот А. Затоа во исхраната треба да се консумира храна богата со овој витамин, како што се слаткиот компир, јајцата и кељот.

Цинк

Цинкот е еден од најпотценетите нутритиенти и многумина го делат мислењето за тоа дека не го добива потребното внимание. Цинкот е клучен за нашето здравје, тој е оној кој помага во обновување на кожата на начин да создава колаген. Големи количини цинк има во школките, но и во други намирници, како што се говедското, пченкарните ркулци и оревите. Оревите се одлична намирница за кожата, со оглед на тоа што се богати со цинк и омега-3 масни киселини.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина