УВ-зрачењето делува многу брзо на нашата кожа. Штетните ефекти, акутни и хронични, не зависат само од тоа колку некој се изложува на сонце, туку и од тоа дали има чувствителна кожа. За настанок на непосредна пигментација доволни се само неколку минути изложување на сонце. Во зависност од типот на кожата, кај некои наместо пигментација ќе се појават црвенило и изгореници. Сите овие промени кожата ги помни, односно поголем број изгореници може во иднина да создаде посериозни проблеми со кожата.

Како што нивото на озон се исцрпува, така атмосферата се повеќе ги губи заштитните својства на филтрите и до површината на Земјата стига повеќе сончево УВ-зрачење. Кожата на сончевото зрачење реагира со зголемено производство на меланин во меланоцитите, кои како чадор го спречуваат продирањето на УВ-зраците во подлабоките слоеви од кожата, односно служи како своевидна природна заштита од негативното влијание на сончевите зраци. Со претерано изложување на овие УВ-зраци доаѓа до акутни оштетувања на епидермисот и до изгореници.

 

Зголемување на бројот на алергиски реакции и меланоми

Од меланомите најчесто заболуваат луѓе на возраст помеѓу 40 и 60 години, иако се забележува пораст на заболени и кај децата и кај адолесцентите. Во последните десет години, се зголемува зачестената појава на младежи и меланоми. Според моменталните податоци од Светската здравствена организација, во светот годишно од бениген тумор на кожата заболуваат од 2 до 3 милиони луѓе и дури 132.000 од малиген рак на кожата. Особено се има зголемена зачестеноста од фототоксични и фотоалергиски реакции. Под влијание на сонцето, некои алергени од храната и околината се активираат и доведуваат до алергии. Најчеста причина за овие кожни промени се разни конзерванси, сулфонамиди, тетрациклини, контрацептиви, антиревмативи, антидијабетици, некои психофармаци, но и некои чаеви и растителни напитоци и цикламати кои се користат како замена за шеќерот.

Израстоци или ранички на кожата кои не задравуваат или растат во длабочина и ширина можат да бидат знаци за малиген тумор на кожата. Тие преку лимфните жили можат да се прошират во лимфните јазли, а преку крвните во внатрешните органи и да го загрозат животот на болниот.

При проверка на младежите и проценка на сериозноста на нивните промени може да се употреби АБЦДЕ правило, кај кое секоја буква претставува еден вид на промена: A – појава на асиметрија во претходно симетричен младежанг. Asymmetry (асиметрија), Б – појава на неостри ограничености во претходно остро ограничен младежанг. Border (рабови), Ц – појава на две или повеќе бои во претходно еднобоен младежанг. Color (боја), Д – зголемување на обемот на младежотанг. Diameter (обем), E – подигнат младежанг. Elevation (висина).

 

Како да се заштити кожата од штетното сончево зрачење?

 

Освен што половина час пред изложување на сонце треба да се нанесе крема со УВА и УВБ филтер, треба да се одбегнува сончање во време на најголема инсолацика од 11.00 до 16.00 часот. Очите треба да се заштитат со очила. Со оглед на тоа што со годините кожата станува почувствителна и потенка, постарите и децата треба да ја заштитат кожата. Заштитното средство треба повторно да се нанесе по два часа. УВБ филтрите, освен што штитат од сончевите изгореници, го намалуваат и ризикот од малигни заболувања. УВА-зраците се енергетски посилно и можат да продрат и во подлабоките слоеви на кожата. УВА-филтрите, пак, штитат од прерано стареење на кожата и од малигни заболувања.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина