За разлика од другите јаткасти плодови, костенот е полн со витами и минерали. Еве какви се здравствени користи има овој есенски плод.

Само еден костен од триесеттина грама во себе содржи само еден грам масти и дури помалку од 70 калории. Покрај сето тоа, тој е единствениот јаткаст плод кој е богат со витамин Ц, па така 85 грама костени пружаат 45% од дневните потреби од овој витамин. Покрај витамин Ц, костенот е богат уште и со фолати, кои обично ги има во зелениот лисјест зеленчук, а не во семките и јаткастите плодови. Костенот го снабдува организмот и со витамините Б1, Б2, Б6 и фолна киселина, која е неопходна за формирањето на црвените крвни зрнца и за синтеза на ДНК, па консумирањето храна богата со фолати спречува појава на аномалии на фетусот.

Костенот е одличен извор на влакна, што помага во намалувањето на нивото на холестерол. За најголема корист од костенот, во текот на денот треба да се изедат 85 грама. Со јадењето костени во организмот се внесуваат магнезиум, бакар, железо, калциум, фосфор, цинк и солидни количини калиум (518 мг/100 г.). Калиумот е многу важен елемент, бидејќи тој ги балансира нивоата на натриум, срцевите отчукувања и крвниот притисок. Магнезиумот и фосфорот се важни за метаболизам на коските.

Без глутен

Како и лешниците и бадемите, така и костенот не содржи глутен. Поради тоа е популарен во исхраната кај оние кои го одбегнуваат глутенот. Анализирајќи го неговиот состав, видливо е дека има значаен процент скроб, по што е повеќе сличен со компирот и пченката отколку со јаткастите плодови. Брашното од костен е лесно сварливо, а подеднакво е лесен и костенот било да се јаде варен, печен или во квалитетно пире од костени. Во Италија, на пример, посебно во Тоскана, од брашното од костен се изработуваат сладолед, колачиња, сладок леб, супи и сосови.

Костенот во народната медицина

Костенот помага при бубрежни тегоби и тегоби со варењето, а чајот од костени одлично ги ублажува симптомите на астма и бронхитис.

Важно е да се разликува питомиот и дивиот костен. Вториов не е за јадење, но затоа е многу лековит и се користи во облик на креми и тинктури. Најпознат е за лекување на проширени вени и оштетети капилари, додека неговите екстракти се користат за подготовка на лековити напитоци. Па така, дивиот костен, покрај тоа што се користи за лекување на крвоносниот систем, одличен е и за лекување на хемороиди, болни менструации и случаи на зголемена простата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина