Човечкиот организам поседува два метаболички пата: аеробен и анаеробен метаболички пат. Тие служат како извор на енергија, која е неопходна за виталните процеси во човековото тело.

 

Аеробниот пат подразбира снабдување со енергија со трошње на кислородот, додека анаробниот метаболизам го снабдува телото со енергија без трошење на кислородот, но со произведување млечна киселина (лактати). Производството на лактат доведува до клеточно заситување (клеточна ацидоза, која означува и пораст на киселоста) што доведува до болка во мускулите и грчење на мускулите.

 

Имено, за време на тренинг со висок интензитет, енергијата во телото се содава од гликозата, a циклусот кој поминува во претворање во лактати и понатаму се нарекува Кори циклус. Поедноставно кажано, Кори циклус е низа од реакции со кои лактатот, произведен за време на гликозата во оптоварениот мускул при недоволна снабденост со кислород, се пренесува низ крвотокот до црниот дроб и, по оксидацијата во пируват, се вградува во гликозата. Преку крвотокот таа се враќа во мускулот и или гори во процес на гликолиза или се складира во облик на гликоген.

 

 

 

Циклусот го добил името според Карл Фердинанд Кори, кој во 1947 година добил Нобелова награда за физиологија и медицина. Кори циклусот е можен во телото додека мускулот е во можност да продолжи со таквото анаеробно производство на енергија – тоа време е некаде помеѓу една и три минути, а за тоа време особено многу се зголемува концентрацијата на лактат во мускулите. Со Кори циклусот само дел од лактатот од мускулите успева да се претвори во гликоза, додека остатокот се таложи и создава кисело опкружување.

 

Како што веќе кажавме, лактатот е крајниот производ на анаеробниот метаболизам во ткивата. Да споредиме:

 

  • Во аеробни услови: од еден мол гликоза се добиваат 38 мола АТП.
  • Во анаеробни услови: од еден мол гликоза се добиваат само 2 мола АТП, a лактатот се кумулира во ткивото.*

 

Кој метаболички пат ќе биде активиран за производство на енергија се одредува со интензитетот на активност. Во тек на физичка активност со низок интензитет, активен е аеробниот метаболички пат. Кога енергетските барања од таков интензитет дека аеробниот метаболизам на мускулите повеќе не е доволен за производство на потребната енергија, се активира анаеробниот метаболички пат.

 

Во текот на аеробниот метаболизам се троши кислород и гликоза, а се создаваат енергија, CO2 и H2O. Во текот на анаеробниот метаболизам се троши гликоза, а се создаваат енергија, CO2 и млечна киселина. Количината енергија која се создава во текот на аеробниот метаболизам е значително поголема отколку во анаеробниот метаболизам, но аеробниот метаболички пат значително побавно ослободува енергија.

 

Активностите со низок или среден интензитет добиваат доволно енергија преку аеробните процеси, додека кај експлозивните активности со висок интензитет, аеробниот пат не овозможува доволно енергија за кратко време, што го засилува интензитетот на анаеробниот метаболички пат.

 

Значи, производ на анаеробниот метаболички пат е лактатот кој со дифузија преминува во крвотокот и понатаму до црниот дроб, каде ензимот лактат дехидрогенеза го претвора повторно во пируват. Пируватот тогаш преку процесот на глуконеогенеза се претвора повторно во гликоза. Новонастанатата гликоза е подготвена за повторно да им служи на мускулните клетки и еритроцитите како извор на енергија. За извршување на овој циклус се трошат отприлика 4 молекули АТП.

 

Важноста на Кори циклусот е во превенцијата на ацидозата во мускулите под анаеробни услови.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина