Копривата е една од најлековитите растенија, од кое најчесто се користат листот и коренот. Се користи за прочистување на крвта и за појачување на излачувањето на течности од организмот. Таа има најдено примена кај сите заболувања предизвикани од акмулирањето на отровите во организмот (егземи, главоболки, ревматизам, гихт, артритис). Делува ефикасно кај разни други заболувања освен овие, а кои нстануваат како последица од претерано оптоварување на жолчката, црниот дроб и бубрезите со токсични материи. Кога има нивна преоптовареност или кога не успеваат да ги излачат штетните материи надвор, се создава погодно тло за развој на заболувања кои настануваат како последица од таа оптовареност. Копривата исто така спречува и појава на песок во бубрезите и во мочниот меур. Благодарение на својствата да ја прочистува крвта и да ја враќа силата, копривата се користи како лек за прочистување на организмот и негова подготовка за во зимата односно за закрепнување подоцна во пролетта. Треба д асе знае кога и како да се бере, па познавачите велат дека на пролет собираат листови од коприва, од пролет до есен – коренот, а целото растение во текот на целата година. Единствено семето и се собира во август месец, што е мошне важно ако од него се прават лекови. Во периодот по зимата, кај состојби на општ замор и исрпенст, се подговува чај од коприва и се пијат 2 – 3 шолји во текот на денот.

Копривата е богата со железо, па се користи кај анемии предизвикани од недостиг на овој минерал. Во себе освен железо, таа содржи и бројни витамини и минерали. Содржи витамин Ц, каротеноиди (провитамин А), витамин К, Б2, Б5, калциум, магнезиум, фосфор, силициумова киселина (мравја киселина). Коренот од коприва влегува во составот на чајните мешавини за лекување на заболувања со зголемена простата и воспаление на уринарните патишта. Копривата во себе содржи компоненти кои го регулираат нивото на слободните андрогени (машки полови хормони), последично се забрзува метаболизмот во отеченото ткиво на простатата, се елиминира застојот на течноста и се отвораат стеснатите уринарни патишта.

Уште има примена и кај лекување на катар на желудникот, ја стимулира работата на органите за варење, ги намалува болките во желудникот, го стимулира функционирањето на црниот дроб, слезината, жолчката и панкреасот, го регулира шеќерот во крвта, го намалува холестеролот, со што го забавува процесот на артериокслероза, помага кај заболувања на дишните патишта, желудочни чиреви, чир на дванаестпалачното црево, против опаѓање на коса, против перут во вид на шампон и тинктура за триење на коренот од косата, но и како чај за внатрешна употреба, ја намалува склоноста кон крварење од нос, ги ублажува обилните менструални крварења благодарение на витаминот К кој го содржи во себе. Чајот од коприба се користи кај алергиски заболувања. Опаѓањето на косата е честа пропратна појава на анемијата, па затоа копривата со своето изобилство на железо влијае на тоа да се реши причината за овој проблем. Силициумова киселина која ја има копривата има улога на неопходен градбен елемент кој овозможува градење на кожата и косата. Од тука копривата се применува и кај кожните заболувања: егземи, херпес, акни, лишаи и габички.

Кај гихт и ревматски заболувања, копривата се применува во вид на топла бања. Околу 200 грама листови коприва се ставаат во бања. Бидејќи е добар диуретик, копривата придонесува и за лачење на мокрачната киселина, која предизвикува гихт, како и други разградливи производи на метаболизмот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина