Коприва – идеална во лечењето на многу болести
Ефикасно чисти крв, ги спречува воспалениијата и го поттикнува исфрлањето на штетните материи и каменот во бубрег. Младите листови по вкусот потсетуваат на спанаќ, но содржат пет пати повеќе калциум и шест пати повеќе витамин Ц.
За копривата знаат сите, а поголемиот дел од луѓето ја заобиколуваат бидејќи ја жари кожата и прави пликови. Меѓутоа, таа е многу ценета заради нејзините лековити својства, кои ги докажа и современата медицина. Претствува природен лек за слабокрвност, опаѓање на косата, ревматизам и заболување на зглобовите, грозница, чир на желудникот, несоница, нервоза и слично.
Многу е распространета и расте насекаде, во градините, покрај оградите, патиштата….Во пролет се берат листовите од коприва, од пролет до есен се вадат корените од коприва, а семето се зема исклучиво во август.
Копривата има висока витаминска вредност, па се препорачува во исхраната. Содржи ногу протеини, јагленохидрати, масти, а од минералите калциум, железо, фосфор, магнезиум, витамин Ц и А од поголемиот дел култивирани билки, но на нашата трпеза не е доволно застапена.
Копривата е идеален чистач на крвта, ги спречува воспаленијата и го поттикнува исфрлањето на штетните материи од организмот. Богата е со хлорофил кој помага да се обноват оштетените ќелии и го подобрува снабдувањето на мозокот со кислород.
Претставува идеална намирница за пролет, младите листови по вкусот потсетуваат на спанаќ, но содржат пет пати повеќе калциум и шест пати повеќе витамин Ц. Семенките имаат арома на јаткасто овошје, која станува поинтензивна кога ќе се испржат. Цветовите исто така се користат за јадење и се многу ароматични. Свежите листови е најдобро да ги подготвите како спанаќ, а исушените да ги искористите како зачин или чај. Влакната од копривата кои ја жарат кожата, ќе ги уништите со бланширање во вода, а собраните врвови се прелеваат со врела вода.
Поради исклучителниот квалитет, виенскиот лекар Банкхофер ја препорачува супата, пирето, пастата Верде и чајот од коприва. Листовите на ова растение може да ги додадете на различни варива, чорби, супи, салати, откако претходно ќе ги прелиете со врела вода за да не жарат. На луѓето со камења во бубрезите им се препорачува да ја подготвуваат како спанаќ.
За паста Верде листовите добро треба да се измијат, да се исецкаат, кратко да се сварат и да се испасираат во каша со маслиново масло и малку лук. Потоа прелијте го овој сос врз топлите тестенини.
Чајот од коприва се подготвува така што една полна супена лажица добро измиени и ситно сецкани листови се прелеваат со вриена вода и се оставаат да отстојат 60-90 секунди. Се конзумира кога малку ќе се олади, во мали голтки. Професорот Банкхофер препорачува да се пие на овој начин неколку дена, а тврди дека го подигнува имунитетот и енергијата, му годи на жолчното кесе, бубрезите и црниот дроб.
Ги ублажува пролетните алергии
Научните истражувања покажале дека копривата е ефикасна и кај пролетните алергии. Но, пред да започнете да го користите сирупот, екстрактот или чајот, важно е да се консултирате со вашиот лекар. Поради големите количини на калиум делува и како диуретик, па ги ублажува воспаленијата на уринарниот тракт и го спречува создавањето на камења во бубрезите. Железото во чајот од оваа билка го стимулира создавањето на црвени крвни зрнца, го олеснува снабдувањето на телото со кислород и спречува да дојде до анемија. Како чистач на крвта, помага и при проблеми со акни и мозолчиња. Се препорачува и кај инфекциите во устата, како и афтите или воспаленијата на непцата …
За желудникот и црниот дроб
Особено е ефективен чајот од целото растение. Се подготвува така што во две литри вода се ставаат три супени лажици сецкани коприви и се остава да отстојат 10 до 12 часа . После тоа, се вари со затворен капак околу 30 минути. Кога ќе се излади, се процедува и се пие по една шолја три пати на ден, пред јадење. Ги чисти белите дробови од слузта, како и цревата, црниот дроб и желудникот.
Рецепт за пролетна супа од коприва
Потребни ви се : 500g млади коприви, 2 лажици масло , 2 лажици овесни снегулки, лажица брашно, 1 дл павлака или млеко, чешне лук , сол, бибер, лажица сецкан копар .
Коприва измијте ја и сварете ја во вода што врие. Потоа исцедете ја и ситно исецкајте ја како листови спанаќ. Прво направете лесна запршка од масло, брашно и чешне лук , па додадете коприва, динстајте на кратко, потоа полијте со ладна, а потоа и со топла вода . Оставете да се вари околу 10 минути, додадете ги овесните снегулки, промешајте и откако ќе поврие отстранете од шпоретот. Додадете сол и бибер по вкус и на крајот на зачинете со кисела павлака или млеко. Оставете ја да отстои 10 минути, посипете со копар и послужете.