Она што е мерило за здравјето на една личност, за друг тоа воошто не мора да биде случај. Така е и со констипацијата (запекот). Додека за едни е нормално да ги празнат цревата секој ден, за други е исто така нормално тоа да не го прават секојдневно.
Под констипација се дефинира празнење на цревата помалку од три пати неделно. Ова се фактите и митовите поврзани со ова.
 

Цревата треба да се празнат секој ден

Неточно! Тоа зависи од човек до човек: некои ги празнат цревата три пати дневно, а други три пати неделно. Иако е вообичаено еднаш дневно да се празнат цревата, не е необично ни ако неколку дена не го правите тоа. Сериозна состојба е ако тоа се случува еднаш неделно или поретко. Ако таквата состојба трае подолго од две недели, треба веднаш да се оди на доктор.

Расположението влијае на празнењето на цревата

Точно! Депресијата, на пример, може да предизвика констипација или да ја влоши веќе постоечката. Намалете го стресот, применувајќи некаква техника за опуштање (јоа, медитација, масажа). Масирањето на стомакот може да помогне да се опуштат мускулите кои се поддршка на цревата и да го поттикне движењето на содржината од цревата.

Констипацијата создава токсини во организмот и здравствени проблеми

Неточно! Некои веруваат дека констипацијата води кон апсорбирање на отровните супстанции од столицата. Тие веруваат дека тоа доведува до појава на болести како артритис, астма и рак на дебелото црево. Но, не постојат докази дека столицата произведува токсини или дека чистењето на дебелото црево, лаксативите или клистирот можат да спречат рак или други болести.

Млечните производи можат да бидат причина за констипација

Точно! Ако патите од нетолеранција на лактоза, консумирањето млечни производи може да доведе до констипација. Едно истражување ја довело во врска констипацијата и нетолеранцијата на лактоза кај децата. Повеќето од оние кои се неторелантни на лактоза можат да јадат млечни производи малку на ден. Ако и таа мала количина предизвикува констипација, обратете се на доктор.

Ако патите од констипација, доволно е само да внесувате повеќе диетални влакна во исхраната

Неточно! Зголемувањето на вносот на диетани влакна често може да ја влоши констипацијата. Но, хроничната констипација сигнализира некои проблеми. Таа може да укаже на лошо функционирање на штитната жлезда или на дијабетес. Исто така, хроничната констипација може да се јави како резултат на Паркинсоновата болест или на мозочен удар, или како спореден ефект од некои лекови. Во поретки случаи, таа може да сигнализира на болести како што се рак на дебелото црево или на автоимуни болести. Обратете се на доктор ако констипацијата трае подолго од две недели или ако забележите крв во столицата, ако чувствувате силни болки при празнење на цревата или ако од необјасниви причини ја губите телесната тежина.

Не пречи ако не ги испразните цревата кога тоа го сака организмот

Неточно! Можеби ќе бидете зафатени на работа, или ќе причекате да дојдете дома за да не ги празните цревата на работа. Но, игнорирањето на потребата за празнење може да придонесе за констипација така што, со тек на време, ќе ги ослабне сигналите кои ви ги испраќа организмот. Во секој случај, немојте да ги запоставувате пораките на организмот.
 

Исхраната сиромашна со диетални влакна може да предизвика констипација

Точно! Недоволното внесување диетални влакна често доведува до констипација. За да се спречи тоа, треба да се внесуваат најмалку по 20 грама диетални влакна дневно, а уште подобро ако се повеќе. Јадете повеќе овошје и зеленчук, а наместо бел леб, бел ориз и тестенини од бело брашно јадете интегрален леб, ориз и тестенини. Постепено зголемувајте ја количината на диеталните влакна, за да одбегнете надуеност и создавање гасови. Со храната богата со диетални влакна пијте повеќе вода, најмалку 2-4 дополнителни чаши на ден.

Лековите може да предизвикаат констипација

Точни! Некои лекови (за болка, депресија, висок крвен притисок, Паркинсонова болест) се доведуваат во врска со констипацијата. Премногу калциум и железо исто така доведуваат до констипација. Суплементите калциум, посебно ако се земаат со неккој друг суплемент или лек кој се поврзува со констипацијата, може да го предизвика овој проблем.

Кафето е добро за решавање на констипацијата

 

Неточно! Точно дека кофеинот може да ја стимулира контракцијата на мускулите во органите за варење, што доведува до движење на содржината низ цревата и нејзино празнење. Но, кафето може да придонесе и за потврда столица, бидејќи тоа делува и како диуретик, што значи ја извлекува течноста од фецесот. Затоа, во случај на констипација треба да се одбегнуваат напитоци со кофеин, како и алкохол.

 

Сувите сливи помагаат

Точно! Сувите сливи се природен лек против констипација. Тие можат да ги спречат или да ги ублажат нејзините симптоми. Богати се со нерастворливи влакна и со природни лаксативи сорбитол и дихидрофенилисатин. Растворливите влакна во сувите сливи помагаат во намалување на холестеролот.

Вежбањето помага

Точно! Недостигот на физичка активност може да придонесе за констипација. А вежбањето може да помогне за имањето редовна столица. Почекајте со вежбањето најмалу еден час по пообилен оброк, за да му дадете на организмот време за да ја свари храната. Oд вежбите се препорачува 10-15 минути брзо одење неколку пати дневно, вежби за истегнување и јога.

Лаксативите делуваат моментално

Неточно!  Во зависност од типот на лаксатив кој го користите, мора да почекате од неколку минути до неколку часа, па и денови (кај лаксативи кои се базираат на зголемен внос на влакна). Повеќето лаксативи се наменети за краткотрајна употрена, а употребата на подолг временски период може да предизвика проблеми со органите за варење. Констипацијата обично трае неколку дена и ретко е сериозна.

Констипацијата ги погодува постарите луѓе

Неточно! Постарите се повеќе склони кон констипација чија причина е некаква хронична боелст, лопа исхрана, лекови или недоволна физичка активност. Но, таа е еден од најчестите гастроинтестинални проблеми која ги погодува сите старосни категории. Не е необично да се јави за време на бременост, по породување или по операција. Се јавува, исто така, и кај децата.

Нормално е да има крв во столицата

Неточно!  Крв во столицата не укажува секогаш на некоја сериозна болест, но секогаш треба да се појде на доктор ако се случи тоа. Светлоцрвената крв во столицата обично потекнува од хемороиди или од расцепување на аналната слузокожа. Констипацијата и напрегнувањето за време на празнење на цревата можат да бидат причина за појава на крв во столицата. Потемната крв или крвни згрутчувања обично укажуваат дека крварењето доаѓа од крварење во гастроинтестиналниот тракт. Ова веќе може да укажува на сериозен проблем.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.