Комбуха е азиска ,,чајна печурка,,. Се одгледува во стакленици, потопена во вода. Нејзиниот сок и чај ја поттикнуваат дигестијата, ги елиминираат бактериите, го бришат заморот и дури штитат и од рак. Латинското име и е Cembuya orientalis, а научното Medusomyces Gisevii lindau, а се користи повеќе од 2000 години. Првите записи за нејзината употреба датираат уште од 221 година п.н.е. во Кина, од периодот на династијата Цин.

 

Во различна земја, комбухата има различно име. Така, во Јапонија е Реиши, во Унгарија Јапан гомба и т.н. Најчестото име и е комбуха. Таа во себе содржи ензими, витамини од Б-групата. Витамин Ц, антиоксиданси, аминокиселини и важни органски киселини од кои најважни се: глукокуронска, млечна, оцетна и јаболкова. Супстанциите во комбухата делуваат позитивно на целокупниот организам, без било какви непријатни нус-појави.

Комбухата може да се пие како чај или како сок. Се смета дека потекнува од Азија, а настанува со додавање посебни видови бактерии, квасец и шеќер во црниот или зелениот чај, после што се остава да ферментира една до две недели или повеќе. За време на процесот на ферментација, бактериите и квасецот на површината на чајот формираат маса вооблик на печурка, поради што комбухата често ја нарекуваат и чај од печурка. Споменатата маса е составена од заедница на бактерии и квасец, кој може повторно да се користи за ферментација на чај. Комбухата е одличен извор на пробиотици. Со ферментацијата се создава голем број на пробиотски бактерии, кои делуваат позитивно на здравјето, вклучувајќи ја дигестијата, воспалителните процеси, како и слабеењето. Комбухата е одлична и во борбата против бактериите.

Една од главните соединенија кое настанува при ферментацијата е оцетната киселина, која може да елиминира бројни потенцијално штетни бактерии. Комбухата добиена од црн или зелен чај поедува силни антибактериски својства, посебно против бактериите кои предизвикуваат инфекции. Се има покажанои дека комбухата, поради високата концентрација на полифеноли и други антиоксиданси, може да помогне и во превенцијата од рак и ширењето на карциногените клетки, па оние кои редовно пијат чај од комбуха имаат помал ризик од развој на различни видови карциноми.

 

Напиток од комбуха

 

Состојки:

  • 1 л. вода
  • 1/2 шолји сиров кафеав шеќер
  • 1 лажица сенча зелен чај (или црн чај)
  • 1/2 шолја готов напиток комбуха
  • парче комбуха печурка.

 

Подготовка загрејте ја водата до вриење, па тргнете ја од оган. Додатете ги во неа листовите чај и поклопете. По 15 минути процедете и додате шеќер. Кога ќе се олaди чајот, пресипете го во поголемо стаклено шише. Додадете го парчето печурка во него и одозгора затворете го шишето со хартиено шамивче или со газа. Чувајте го на темно место седум дена. Пијте од овој напиток колку што ви одговара.

 

Сите бенефити од комбухата

 

  • Кај спортистите и рекреативците го забавува заморот, бидејќи го забрзува лачењето на млечната киселина од мускулите
  • Парче печурка во вода или чај стои барем 7 дена. Тогаш се развиваат бактериите кои се добри за дигестијата
  • Го јакне имунолошкиот систем и го регулира крвниот притисок. Ги намалува шеќерот во крвта, холестеролот и триглицеридите
  • Го забрзува согорувањето на маснотиите и целулитот. Ја оддржува виталноста на организмот и ги подига физичката и психичката енергија. Делува кај проблеми со косата и кожата и ги намалува брчките

 

Поради тоа што во организмот внесува голем број добри бактерии, а ги контролира оние лошите, комбухата може да го подобри и зајакне имунитетот и да не направи повеќе отпорни на болести, посебно на оние сезонските. Како добар извор на глукозамин, таа делува противоспалително и ги намалува болките, посебно кај артритисот, а може дури  и да ублажи главоболка.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина