Азотно диоксидните суплементи (или АД суплементи) станаа многу популарни во боди билдинг историјата и финтесот во последниве неколку години, само затоа што тие покажуваат зголемување на малата мускулна маса како и истрајност за време на напорните тренинзи. Аргининот е полу-есенцијална аминокиселина која се претвора во азот диоксид во телото, па затоа научниците се постојано во потрага на компоненти кои ќе можат да делуваат заедно со аргининот, со цел да ја забрзаат или зголемат АД синтезите во телото.

Едно истражување објавено во списание за спорт, наука и медицина открило дека витаминот Ц во комбинација со аргинин ги зголемува нивоата на АД повеќе отколку кога е аргининот сам. Се претпоставува дека витаминот Ц ги уништува слободните радикали кои го раствораат азот диоксидот.

Ефектите од оралните суплементи на L-аргинин врз мускулната сила кај младите фудбалери

Според истражувањата, Л-аргининот се претвора во азот диоксид во телото, што од друга страна како последица има ефект на вазодилатација (дилатација на крвните садови). Овој ефект помага да се снабдат мускулите со повеќе кислород и нутритиенти. На подолг временски период, азот диоксидот ја зголемува издржливоста и мускулната маса.

На 20 млади фудбалери (на возраст помеѓу 17-19 години) им биле давани по 3 грама Л-аргинин и по 1 грам витамин Ц (прва група) или само витамин Ц (втора група) на дневна база, за период од 8 недели. За време на овие 8 недели, тие исто минале низ рутински тренинг со тежина, три пати во неделата.

Резултати

Првата група, која коистела Л-аргинин плус витамин Ц, покажала драматично зголемување на телесната тежина и сила (силата била мерена на десната и левата нога при изведување на вежбата на истегнувања со нога), како и намалување на телесните масти. Контролната група, која користела само витамин Ц, не покажала значителни промени во телесната тежина и сила.

Заклучок

Резултатите покажуваат дека користењето на Л-арганин суплементи во период о д 8 недели, позитивно ја менуваат силата како и слабата телесна маса. Дозата треба да биде помеѓу 3-5 грама Л-аргинин (нормално, 5 грама треба да земаат оние кои имаат поголема телесна маса). Исто така, 1.000 милиграми витамин Ц треба да се земаат секојпат кога се зема дозата на Л-аргинин, со цел да се обезбеди неутрализирање на слободните радикали.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина