Колку пати е здраво туширањето?
Нема ништо лошо во во туширањето наутро и навечер, но стручњаците велат дека е сосема доволно да се тушираме еднаш дневно, и тоа со не претопла вода. За оние кои веруваат дека нема потреба да се тушираат наутро, докторите велат дека и тоа како има причина за тоа, пишува Њујорк тајмс.
Навечер луѓето се потат. Кога ќе станете наутро, на кожата се наоѓа сета таа пот и бактериите од постелнината. Утринското туширање е корисно, бидејќи ќе ја острани сета таа валканост која се насобрала за време на спиењето. Освен тоа, многумина се интимни во текот на ноќта, што е уште една од причините зошто треба да се истушираме наутро.
Кога се тушираме два пати дневно, треба да водиме сметка за топлината на водата, таа да не биде премногу врела и да не користиме преагресивни сапуни, како и туширањето да не трае предолго. Оние кои повеќе сакаат утрински туширања велат дека нема подобар начин за започнување на денот; се придвижува циркулацијата и се будите.
Утринското туширање посебно е препорачливо за оние кои потешко се будат – вели клиничкиот психолог доктор Џенет Кенеди, стручњак за спиење.
За навистина да се постигне ефектот на будење, докторката препорачува туширање со млака, а не врела вода.
Кај вечерното туширање исто така треба да се внимава на топлината на водата, и треба да се тушираме најмалку 90 минути пред да си легнеме.
Телото се лади, подготвувајќи се за сон, и срцевиот ритам се забавува. Туширањето со топла вода ја подига температурата, што може дополнително да не разбуди. Затоа треба да се истуширате најмалку еден час пред легнување. Тоа е добро за опуштање на мускулите и напнатоста, но не треба да се практикува непосредно пред спиење. Посебно доколку патите од несоница.
Доктор Голдберг вели дека многу топлото туширање ги отстранува од кожата природните масла кои слушат како заштита, што може да ја изиритира кожата. Колку подолго сте во врела вода, тоа е поголема веројатноста кожата да ви стане сува. Освен за туширање, тоа се однесува и на капењето во када.