Ако досега не сте се загрижувале поради вишокот килограми распределени околу половината и не сте преземале ништо по тоа прашање, тогаш време е да го направите тоа сега.

 

Според студиите објавени во списанието Circulation, не е само важно колку вие БМИ (индексот на телесна маса), туку голема важност се придава и на тоа како вишокот килограми е распределен на вашето тело. Се смета дека вишокот килограми распределен околу половината е многу поопасен по здравјето од оние килограми кои се ,,носат,, на колковите.

Научниците сметаат дека вишокот килограми распределен околу половината носи со себе и зголемен ризик од артериосклероза, кардиоваскуларни болести, дијабетес и проблеми со метаболизмот.

 

Колку сантиметри се премногу?

 

 

Многу едноставно, земете метро и измерете го обемот на половината. Ако сте машко и обемот на половината ви е поголем од 100 см. или ако сте жена со обем на половината поголем од 90 см. – веројатно и припаѓате на ризичната група и треба да ги симнете прекумерните килограми.

 

Кои диети се најдобри за вас?

 

 

Најголем дел од студите прпорачуваат намален внос на калории, исхрана богата со овошје, зеленчук и житарки од цело зрно. Покрај тоа се препорачува и безмасно млеко, мешунки, јаткасти плодови, семки, бело мисиркино или пилешко месо, риба и јајца. Тајната во губењето на вишокот од половината лежи во добро избалансираната исхрана, кај која се контролира вносот на калории, и во вежбањето минимално по еден час дневно.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина