Главното ,,погонско,, гориво за работа на мозочните клетки, шеќерот, воедно е важен извор на енергија и не треба да се откажуваме од него. Но, нутриционистите предупредуваат дека претераното консумирање на слатки или намирници кои го содржат во себе може да биде многу опасно. Тогаш колку смееме да го ,,засладиме денот,,, а притоа да не го загрозиме здравјето?

Шеќерот веднаш се троши во организмот, но доколку се внесе во преголеми количини, панкреасот почнува да лачи инсулин, со цел да го намали нивото на шеќер во крвта. Меѓутоа, тој механизам го стимулира апетитот и доведува до тоа да внесуваме нови количини шеќер и калории. И, тоа не е единствениот проблем. Кога внесуваме премногу шеќери, црниот дроб почнува да произведува масти и холестерол. Тоа го оптоварува и за многу кусо време доаѓа до негово заболување.

 
Гликозата која се содржи во шеќерот мозокот ја користи како ,,погонско гориво,,. А бидејќи мозокот не може да прави залихи, за да се одбегне падот на концентрацијата, треба редовно да му се додаваат нови количини на гориво.
 

Не претерувајте ни со лебот и со тестенините, бидејќи и тие содржат шеќери. Ако дневно консумирате по порција тестенини и 2-3 парчиња леб, нема проблем. Но, ако ја пречекорувате оваа доза, тогаш задолжително треба да ја намалите количината на шеќер со која го засладувате кафето, слатките и овошјата кои се богати со шеќер. Само така ќе успеете да ја сочувате линијата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина