Храната која секојдневно ја консумираме влијае на базната или киселата реакција во нашето тело, кое е малку алкално, односно базно, и таквата pH вредност е оптимална за нашето здравје.

 

PH е скратеница за количината на јони на водород во некоја супстанција. Укажува на киселост или на базност (во овој случај на намирници) и се мери на скала од 0 до 14. Кога pH вредноста е 7, се работи за неутрална намирница: се што е под 7 е кисело, а над 7 е алкално. Важно е да се има предвид за тоа каков ефект има храната врз нашето тело, а не дали е таа кисела или базна сама по себе, или дали има кисел вкус. Храна која дава кисел ефект носи во нашето тело јон на водород, правејќи ја неговата средина кисела, додека храната која има базен ефект го носи тој јон надвор од нашето тело и го прави да биде базно.

 

Од суштествена важност за оддржување на базноста на телото односно за урамнотежена pH вредност потребно е да се пие многу вода, бидејќи таа е подеднакво важна како и изборот на храната. Нашето тело се состои од 70% вода, додека крвта е 94% вода, што е показател за нејзината важност за организмот. Негувајќи го духот, телото и здравјето, магазинот Sensa Fructus и доктор Гифинг започнале заеднички проект нарчен „100% посреќен живот“, со кој придонесуваат за уште поубави и поисполнети денови, уште подобар квалитет на животот и пооптимално здравје. Во рамките на овој проект нутриционистот доктор Гифинг кажува кои намирници се кисели, а кои базни:

 

Во алкални намирници спаѓаат следниве, најчесто користени: морски алги, кромид, ѓумбир, пиперка, печурки, карфиол, домати, блитва, кељ, репка, моркови, зелен грашок, зелка, спанаќ, ротквици, краставици, компири, тиква, банани, лимони, зелени јаболки, малини, грејпфрут, грозје, урми, авокадо…

 

Од зачините и маслата тоа се: сусам, ким, босилек, морска сол, цимет, семки од тиква, мак, бадем, масло од авокадо, ленено семе, кокосово масло, маслиново масло…

 

Во кисели намирници спаѓаат следниве намирници: говедско, свинско, телешко, пилешко, туна и сардини од конзерва, црн дроб, месни преработки, јајца, сладолед, кравјо млеко, овошен и обичен јогурт, маргарин, газирани пијалоци, црн чај, кафе, пиво, кикиритки, џем, мед, квасец, кечап, мајонез, бел леб, тестенини, ориз, млеко од соја, соја сос, боровинки, капини, манго…

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина