Kолку парацетамоли се премногу?
Парацетамолот и ибупрофенот најчесто се користат за сопирање на болки. Парацетамолот функционира така што ги регулира сигналите за болка кои доаѓаат до мозокот. Често се користи за ублажување различни видови болки, како и за регулирање на тегоби при грип и за намалување на висока телесна температура.
Земањето повеќе парацетамоли од дозволената доза може да го загрози организмот, а посебно е опасно врз здравјето на црниот дроб. Дозволената дневна доза парацетамол од 500 мг. За возрасни е 1 до 2 таблети, 3 до 4 пати дневно, при што не смее да се пречекори дозата од 4 грама (8 таблети) во тек на 24 часа. Временскиот рок на земање на таблетите треба да биде околу 4 часа.
Парацетамолот никако не смее да се пие на своја рака, без претходна консултација со доктор. Пред да се даде парацетамол на деца помали од 12 години, треба да се провери дозата со доктор, додека тој не се препорачува за деца помали од 6 години, туку само давање сируп.
Никако не смее парацетамолот да се комбинира со други лекови без консултирање со доктор.