Латинското име на индискиот орев е Anacardium occidentale. Тој е зимзелено дрво со помали димензии (расте до 12 м во висина) кое не води потекло од Индија, како што мислат многумина, туку од Јужна Америка, поточно од североисточниот дел на Бразил. На подрачјето на Индија го пренеле Португалците, па денес токму оваа земја е една до најголемите негови светски производители.
Индискиот орев е многу познат по своите хранливи материи, кои се во состојба да ги надоместат загубените функции на телото. Индиските ореви се користат како додаток во храната при анемија, разни дистрофии и психо – емоционални нарушувања. Исто така, индискиот орев ја враќа функцијата на половите жлезди, го поттикнува ослободувањето на половите хормони и е природен афродизијак. Се препорачува кога имате метаболички нарушувања, бидејќи го нормализира холестеролот во крвта, добар е за превенција на згрутчување на крвта и емболија, и секако, го јакне нервниот систем.

Покрај сево горенаведено, индискиот орев има и антисептични и антибактериски својства. Тој се зема при настинка или инфекции од бактериска природа. Хранливите материи, витамини, елементи во траги во него влијаат врз воспалителните процеси во горниот дигестивен тракт и ги елиминираат. Преполни се со есенцијални минерали, како калиум, магнезиум, железо, цинк и фосфор. Во мали количини содржи и натриум.

Магнезиумот во индиските ореви е застапен многу и тоа во само 100 гр. од нив. Ова е од големо значење, бидејќи магнезиумот игра важна улога за метаболизмот, посебно за коските, мускулите, згрутчувањето на крвта и т.н. Со редовно внесување магнезиум, го заштитуваме организмот од компликации, како што се висок притисок, главоболки, хронични замори и грчеви во нозете и мускулите. Покрај витаминот Ц, за кој веќе кажавме дека го има во себе, и тоа за речиси пет пати повеќе отколку во еден портокал, индискиот орев содржи и рибофлавин (витамин Б2), тиамин (Б1), ниацин (Б3), витамин Б6 и фолна киселина. Содржи витамини Е и К, а е одличен извор и на олеинска киселина, го снабдува телото со мононезаситени киселини, додека полинезаситени содржи многу малку, кои се многу штетни поради тоа што го трупаат штетниот холестерол. Индискиот орев е одличен избор за нашето здравје ако се консумира на вистински начин, бидејќи со негово правилно дозирање се регулира добриот и лошиот холестерол во крвта, а помага и во превенцијата на болести на срцето, артериосклероза и други кардиоваскуларни тегоби.

Сепак, морате да внимавате доколку имате алергиска реакција на ореви и храна која ги содржи. Дневно не треба да внесувате повеќе од триесет до педесет грама. Но, во основа тоа не е поради алергија. Не заборавајте дека пред се оваа намирница е многу калорична.

Ако земете голема количина индиски ореви, може да дојде до појава на црвенило на кожата, чешање, оток и т.н.

Индискиот орев се користи за лекување болести на кардиоваскуларниот систем, но внимавајте да не се предозирате, за да не го оштетите имунолошкиот систем.

Освен тоа, овој орев е калоричен, затоа не претерувајте со неговото консумирање ако водите сметка за линијата или ако планирате да бидете на диета. Дозирајте го и консумирајте го умерено, без претерување. Ако сте секојдневно физички активни, возите велосипед или одите редовно во прошетки, не треба да се грижите. Сепак, внимателно, за секој случај.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина