Колку мускулна маса можете да изградите природно и без употреба на стероиди?
Колку мускули можат да се формираат по природен пат? Па, тоа е тешко прашање, а на него одговор има дадено Омар Исуф. Тој зборува за тоа како изгледале бодибилдерите пред 1935 година.
Зошто 1935 година?
Затоа што пред 1935 година во светот не постоеле никакви стероиди.
Погледнете ја фотографијата на која е Еуген Сендоу, снимена во 1890 година, многу години пред појавата на стероидите.
Ернест Кандин (20-те години од минатиот век) има одлични раце
А еве го и Боби Пандур (1900 година), со неговите естетски извајани нозе.
Овие момци се доказ дека луѓето можат да изгледаат многу добро и без стероиди. Погледнете го целото видео подолу: