Кога ќе се вратиме од работа или после напорен ден, со нетрпение чекаме да ја заземеме нашата омилена позиција на удобната фотелја, да го пуштиме телевизорот да прави мала бучава и да дремнеме, да се одмориме. Дремката  е вистинско освежување за нашиот мозок, но колку што спаѓа во областа на науката, толку претставува и вистинска уметност- и самите знаете. Во весникот “Вол стрит журнал” неодамна е објавена една статија на оваа тема, во која се препорачува колку долго и кога да се одморите (дремнете). Научниците кои се занимавале со ова прашање истакнуваат дека дремката  која трае од 10 до 20 минути е вистинска “енергетска бомба”. Сепак, должината на дремката  варира во зависност од тоа што сакате да го постигнете со нејзе.

dremka naslovna

За да се освежите, експертите препорачуваат 10 до 20 минути дремка, што ќе ви ја врати силата и ќе ви помогне да издржите до крајот на денот. За подобрување на когнитивната функција на мозокот, 60 минути дремка е сосема доволно. Ова дремнување му помага на мозокот подобро да ги меморира фактите, местата и лицата. Единствената лоша страна е тоа што можеби ќе се чувствувате малку уморно кога ќе станете. Дремката во траење од 90 минути го опфаќа целиот циклус на спиење, вклучувајќи кративна, емоционална и процедурална меморија. Пример за ова е учењето за да се возите велосипед. Будењето по РЕМ фазата, создава чувство на тромавост и инерција.

Една од препораките на докторите (можеби и најзачудувачката) е тоа дека лекарите препорачуваат да дремнете во некоја полу-лежечка состојба, бидејќи тоа ќе ви помогне да не потонете во длабок сон.

10-20 минути

Оваа должина на дремката може да се рече дека е одлична, на нашиот организам му обезбедува вистинска  “енергетска бомба”. Оваа должина на дремењето спречува да западнеме во длабок сон,  по кој сигурно би се чувствувале тромаво и инертно. После ваков вид одмор,  сигурно ќе имате енергија за трчање или некаков друг вид на физички вежби.

30 минути

Некои истражувања покажале дека оваа должина на дремката предизвикува чувство слично на она кога сте мамурни од претходната вечер, и тоа трае дури и до 30 минути откако ќе се разбудите. Дефинитивно оваа должина на дремење повеќе штети отколку што помага, па затоа експертите препорачуваат да ја избегнувате.

60 минути

Оваа должина е најдобро за подобрување и освежување на когнитивните функции на мозокот, како што се помнењето на факти, имиња и лица. Оваа едночасовна дремка се смета за еден вид на полу-сон. Лошата страна е пак, чувството на тромавост и инерција кое ќе го почувствувате веднаш по станувањето.

90 минути

За дремката од 90 минути експертите велат дека го опфаќа целосниот циклус на спиење, вклучувајќи го и длабокиот сон, но и вклучувајќи ја и РЕМ фазата во која се случува и сонувањето. Ова води до подобрување на функциите на мозокот кои се вклучени во процесот на емоционална меморија.

Тагови: Здравјесон