Генетскиот часовник постојано отчукува, но физичката активност има способност постојано да ја враќа младоста и таквиот дух. Неодамнешните истражувања покажале дека различните органи и ткива од организмот стареат со различно темпо . И покрај тоа што поголемиот дел од генетските предиспозиции се детерминирани , науката открива и други докажани начини за тоа како можете да останете млади и здрави што е можно подолго .

Во понатамошниот дел од текстот, прочитајте нешто повеќе за тоа како вежбањето може да го забави телесниот часовник.

Срцето и белите дробови

Истражувањата објавени во весникот за применета физиологија „The Journal of Applied Physiologyˮ, покажа дека луѓето кои се занимаваат со некаков вид на физичка активност и кои продолжуваат со тренинзите и во повозрасните години имаат два пати подобро фитнес ниво на кардиоваскуларниот систем од оние кои се излежуваат на каучот. Затоа, постарите лица мора да останат активни , ако сакаат нивниот организам да функционира нормално , но исто така, треба доволно време да се одвои за процесот на обновување и опоравување, бидејќи сепак, нивното тело работи малку побавно од телото на помлад човек.

naslovna

Мускули

На почетокот на четвртата деценија од вашиот живот, вашите мускули полека почнуваат да се разградуваат со стапка од 5 % за една декада. Сепак, докажано е дека редовното вежбање одредени кардио вежби или малку поинтензивни вежби, има потенцијал да го намали овој процес , па дури и доколк у со тренингот започнете во подоцнежните години.

Зглобови

За зглобовите треба да мислите додека сте сеуште млади , бидејќи во староста им нема баш некое вистинско опоравување. Штедете ги колената со трчање на соодветни подлоги и секогаш водете сметка за положбата на телото додека возите велосипед или додека сте во фитнес салата. Соодветен тренинг со соодветна техника е клучот на долговечноста.

Гради

Една од главните теми помеѓу женската популација е како да се одржат градите во нивниот младешки облик, цврсто и на вистинското место. Промените најчесто се случуваат како резултат на слабеењето на Куперовите лигаменти на ткивото кое се наоѓа во градите. Со одреден начин на вежбање, овој процес може да се забави, а градите подолго време можат да го имаат оној облик и форма, какви што посакувате.

Клетки

Секој хромозом во нашите клетки претставува носител на генетскиот клуч, кој за заштите е покриен со теломер . Должината на овие теломери е директно поврзана со биолошкото стареење, што пократок теломер – тоа е биолошки помлада клетка. Истражувањата сугерираат дека средновековните луѓе кои трчаат имаат 75 пати пократки теломери отколку нивните врсници кои имале минимално активен живот .

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.